Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Наскоро и странските таблички ќе добиваат казни од „Безбеден град“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Наскоро и странските таблички ќе добиваат казни од „Безбеден град“
МАКЕДОНИЈА

Наскоро и странските таблички ќе добиваат казни од „Безбеден град“

Објавено July 2, 2026 11:47
Сподели
Сподели

Системот „Безбеден град“ наскоро ќе започне автоматски да ги евидентира и да ги испраќа казните за сообраќајни прекршоци и до странските државјани кои возат низ земјава. Ова го најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за време на промоцијата на кампањата „Вози одморен“ на граничниот премин „Табановце“, каде присуствуваше и неговиот српски колега Ивица Дачиќ.

Тошковски упати сериозен апел до сите странски возачи и иселеници кои транзитираат низ Македонија, особено по Коридорите 8 и 10, максимално да ги почитуваат правилата бидејќи клучната цел на овие мерки е спасување на човечки животи.

„Системот ‘Безбеден град’ функционира и ќе се однесува на сите, без разлика дали возилото е со македонски или со странски регистарски таблички. Наскоро ќе бидете сведоци на целосна имплементација на вториот чекор, кој се однесува на достава на казните за оние кои управуваат странски возила. Ако во 21 век не најдеме начин за достава на овие казни, тогаш имаме проблем самите со себе“, дециден е Тошковски.

Иако признава дека процесот на прекугранична достава е комплексен и бара време, МВР веќе има развиено решение кое набрзо ќе почне да функционира во пракса.

Системот за автоматско евидентирање на сообраќајните прекршоци преку камери официјално беше пуштен во функција на 1 февруари годинава. Податоците покажуваат дека за неполни пет месеци (до 22 јуни), „Безбеден град“ веќе има регистрирано над 120.000 сообраќајни прекршоци на македонските патишта. Со новото техничко решение, оваа црна бројка се очекува драстично да се намали, а одговорноста на патиштата да се зголеми за сите учесници во сообраќајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поплавени домови, улици, подруми и деловни објекти во Куманово од силното невреме
Следна Статија Кривични пријави за родителите и малолетничките за врсничкото насилство во Аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали

Од пристигнати 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за изборите за локалните…

August 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми

 Владата на денешната 57. седница ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми со кои се очекува да се зајакне конкурентноста…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Градскиот совет на Перт осветлен во боите на македонското знаме

Градскиот совет на Перт го осветли Домот на Советот со македонското знаме во знак на сеќавање на изгубените животи во…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски им заблагодари на пожарникарите за херојството во Пинтија: Ќе мора да има одговорност, некој упорно го потпалува градот

Некој упорно сака го потпалува градот и за тоа ќе мора да има одговорност, објави градоначалникот на Кисела Вода Орце…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?