МВР објави јавен повик за запишување на ученици во Средното полоциско училиште, кое продолжува да функционира по 25 години пауза.
-ЈАВЕН ПОВИК за прием на 200 редовни ученици кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ во Полициската академија во Министерството за внатрешни работи, се наведува од МВР.
Во зависност од потребите на Министерство за внатрешни работи, ќе постои можност паралелно да продолжи и досегашната основна обука за полицаец, која трае една година.
