Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица
ЕКОНОМИЈА

ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

Објавено July 8, 2026 14:29
Сподели
Сподели

Глобалните конфликти повторно покажаа колку се чувствителни пазарите на критични минерали. Во најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се наведува дека воените случувања на Блискиот Исток најсилно влијаеле врз цените на бакарот и алуминиумот, поради нарушувањата во синџирите на снабдување.

Во такви услови, земјите што располагаат со резерви на бакар добиваат дополнителна економска можност. Македонија, иако има значајни наоѓалишта, засега не успева да го искористи тој потенцијал. Додека единствениот активен рудник за бакар „Бучим – Боров Дол“ постепено ги исцрпува своите резерви, големите ресурси во Иловица и Штука остануваат неискористени.

Инвестицијата продолжува да биде во застој, иако според проценките од геолошките истражувања компанијата би можела да произведува околу 16 илјади тони бакар на годишно ниво. Постојат и други локации на кои сега се истражува присуството на бакар, а една од нив е во близина на Крива Паланка, каде се испитува и антимонот. Претходно, нереализирани останаа неколку инвестиции во рудник за бакар, како што е Казандол и во моментов државата нема големи количини кои може да ги понуди на светските пазари, иако еден тон бакар на Лондонската берза искачи вредност од над 13 илјади американски долари.

Од локалната иницијатива „И здравје и работа“, која го поддржува проектот во Иловица, истакнаа дека се залагаат за економски развој, преку почитување на високи еко-стандарди и ги повикаа институциите доследно да ги почитуваат судските одлуки, да ги спроведат законските процедури и да носат одлуки врз основа на законите, фактите и стручните анализи.

„Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не дадат дозвола. Но, ако ги исполнува сите пропишани критериуми, тогаш државата има иста таква обврска да постапува согласно законот, а не под притисок на поединци или интересни групи“, наведоа неодамна од иницијативата.

Додека кај нас проектите за ископ на бакар се соочуваат со низа пречки да го видат светлото на крајот на тунелот, ММФ оценува дека прекините во синџирот на снабдување извршиле сериозен притисок врз цените на основните метали. Кризата како онаа во Блискиот Исток предизвикала најмногу да поскапат бакарот, за 29,5 проценти, како и алуминиумот, за 29,8 проценти.

„Прекините во снабдувањето доведоа до зголемување на цената на основните метали… Цените на Фјучерс-пазарите за основни метали сугерираат понатамошно зголемување на цените во 2026 година, што укажува на отпорна побарувачка во услови на сè уште кревка понуда“, се наведува во анализата „Глобалната економија во сенка на војната“.

Покрај овие два критични минерала, од ММФ нагласуваат дека големи предизвици има и со ретките земни елементи, па ги повикуваат владите да промовираат комплементарни структурни реформи што би ги поедноставиле дозволите за рударство и би поттикнале инвестиции во металургијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кос задоволна од владата: Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи на патот кон ЕУ
Следна Статија Машки труп изваден од Пчиња

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Носење проактивни економски политики за поголема отпорност на идните предизвици

„Иако успешно поминавме низ голема економска бура, сѐ уште се соочуваме со променливи светски услови, поради што е потребна постојана…

December 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти

Стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, објавени…

December 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кафето полека станува луксузна стока: Цената се зголемува, продажбата во опаѓање

Ќе стане ли кафето луксуз во 2025 година, е прашањето што се наметна по низата информации во светски рамки дека…

December 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Митреска: Инфлацијата ќе забавува во следниот период и ќе се доближи до историскиот просек

Домашната инфлација е значително намалена во однос на врвот од крајот на 2022 година и е сведена на едноцифрено ниво.…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?