Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Патот кон ЕУ да има јасни критериуми, а не да е оптоварен со билатерални прашања, кажа Мицкоски на средбата со Кос
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Патот кон ЕУ да има јасни критериуми, а не да е оптоварен со билатерални прашања, кажа Мицкоски на средбата со Кос
Blog

Патот кон ЕУ да има јасни критериуми, а не да е оптоварен со билатерални прашања, кажа Мицкоски на средбата со Кос

Објавено July 8, 2026 14:28
Сподели
Сподели

Изминатите две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, економски показатели и создавање подобри услови за живеење на граѓаните. Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна администрација, конкурента економија. Тоа не го правиме зашто некој го бара од нас, туку зашто веруваме дека е единствениот исправен пат. Во тој процес ја цениме поддршката од ЕУ. Истовремено, очекуваме европската интергација да остане процес што се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските обврски, а не процес оптоварен со билатерални прашања, кои создаваат неизвесност и фрустрација кај македонските граѓани – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничка прес-конференција со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос.

Како што напомена Мицкоски, важно е да постои доверба дека процесот ќе продолжи според истите правила што важат за сите други кандидати и држави што биле кандидати.

– Нашата определба останува непромента – ќе продолжиме со реформите, ќе ги зајакнуваме економијата, институциите и владеењето на правото. Остануваме доследни и на ставот дека секое трајно решение треба да биде засновано на заемно почитување, заштита на националното достоинство и јасна предвидлива европска перспектива – истакна прермиерот.

Тој оцени дека денешната посета на Кос е можност за отворен, искрен и суштински разговор за македонската европска перспектива, за реформите што земјата ги спроведува и за потребата, како што нагласи, проширувањето да остане доследно на принципите на ЕУ – доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Силјановска Давкова: Обединета Европа значи посилна Европа
Следна Статија СРПСКИ „Ало“ медиа систем купува телевизија и радио во Скопje

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Can ‘friction-maxxing’ fix your focus? – BBC

With technology offering instant gratification and quick thrills, experts explain how adding friction to our day-to-day can help heal our…

March 6, 2026
Blog

Вредноста на доларот падна трета недела по ред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна минатата недела, трет пат по ред, бидејќи американската…

April 19, 2025
Blog

Маск го коментираше падот на Икс

Социјалната мрежа Икс (X, порано Твитер) е повторно во центарот на вниманието на јавноста откако се урна глобално вчера попладне,…

May 25, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Вага – понеделник, 10 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Величествената енергија во знакот на Вага денеска поттикнува на создавање можност за духовен развој. Надолу…

February 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?