Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕП: Дигиталното евро не значи укинување на готовината, туку создавање уште една можност за плаќање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > ЕП: Дигиталното евро не значи укинување на готовината, туку создавање уште една можност за плаќање
СВЕТ

ЕП: Дигиталното евро не значи укинување на готовината, туку создавање уште една можност за плаќање

Објавено July 9, 2026 09:07
Сподели
Сподели

Европратениците го поддржаа користењето на дигитални активи и создавање средина погодна за иновации и сигурни финансиски плаќања, со порака дека инвестициите и технолошкиот развој треба да останат во Европската Унија.

Известувачот на Европскиот парламент за предлог-регулативата за создавање на дигиталното евро, европратеникот од групата на Европската народна партија (христијански демократи) Фернандо Наварете Рохас, појасни дека законодавниот пакет за заедничката валута содржи два главни предлози – едниот се однесува на зајакнување на плаќањата во готовина низ Европа, а другиот на воведување на дигиталното евро.

Според него, двата предлога заедно треба да им овозможат на граѓаните поголем избор при плаќањето на секојдневните трошоци. Воведувањето на дигиталното евро, како што нагласи, „не значи укинување или замена на готовината, туку создавање уште една можност за плаќање“.

Рохас посочи дека во последните години во Европа има намалување на прифаќањето готовина кај дел од трговците и дека тоа треба да се спречи. Според него, граѓаните кои сакаат да продолжат да користат кеш мора да имаат гаранција дека тој начин на плаќање ќе остане достапен.

Истовремено, за оние кои претпочитаат дигитални плаќања, дигиталното евро треба да понуди европска алтернатива на постојните меѓународни платежни системи. Според Рохас, сегашната зависност од технологии, стандарди и процедури развиени надвор од ЕУ претставува ризик во актуелниот геополитички контекст.

Дигиталното евро, според предлогот, ќе има две форми на користење – онлајн и офлајн. Онлајн верзијата ќе биде слична на постојните системи за електронски плаќања, додека офлајн варијантата ќе овозможи дигитални трансакции и без интернет-конекција.

Офлајн плаќањата ќе се извршуваат директно меѓу уредите на купувачот и продавачот, односно меѓу корисниците, без посредници и без обработка преку дополнителни регистри, што би требало да обезбеди дополнително ниво на приватност и отпорност на системот.

Во рамки на законодавството се предвидува производителите на електронски уреди, најчесто мобилни телефони, што се продаваат на европскиот пазар да ги отворат стандардите на таканаречените безбедносни елементи во уредите.

На тој начин, Европската централна банка би можела да развие софтвер за управување со овие безбедносни елементи и за безбедно складирање на дигиталното евро на уредите, независно од производителот или оперативниот систем.

Рохас нагласи и дека дигиталното евро нема да биде форма на таканаречени „програмабилни пари“ со ограничен рок на употреба. Според него, дигиталното евро ќе има ист статус како и другите јавни средства издадени од Европската централна банка и нема да може да истече.

Тој додаде дека, како и кај банкнотите кои со текот на времето може да се заменат поради технолошки промени или нов дизајн, и кај дигиталното евро ќе постои можност за конверзија, но без губење на вредноста на средствата

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Платформата е обид за дефокус од тоталниот дебакл на власта
Следна Статија Биле задржани на Ќафасан: Тројца функционери од Македонија спречени да влезат во Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп го предупредува Иран дека „времето истекува“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп го предупреди Техеран дека „времето истекува“ за преговори за договор за нуклеарната програма…

January 28, 2026
СВЕТ

Трамп: Бенџамин Нетанјаху е еден од најголемите воени лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика израелскиот претседател да го помилува премиерот Бенџамин Нетанјаху, кој се соочува со обвиненија за…

October 13, 2025
СВЕТ

(Видео) Украина со ракети „Сторм Шедоу“ нападна хемиска фабрика во Русија

Украинските сили на 21 октомври изведоа масовен напад со британски ракети „Сторм Шедоу“ врз хемиската фабрика во руската област Брјанск,…

October 22, 2025
СВЕТ

Зошто е важен Ормутскиот теснец?

Проширувањето на војната во Иран го запре сообраќајот на танкери низ Ормускиот Теснец, а цените на нафтата нагло осцилираат, нагласувајќи…

March 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?