Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Со новата карго – железничка обиколница во Скопје добиваме еколошки бенефит, но и забрзување на Коридорот 10
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Со новата карго – железничка обиколница во Скопје добиваме еколошки бенефит, но и забрзување на Коридорот 10
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Со новата карго – железничка обиколница во Скопје добиваме еколошки бенефит, но и забрзување на Коридорот 10

Објавено July 9, 2026 12:37
Сподели
Сподели

Во рекордно време се заврши карго обиколницата во Скопје со што товарните возови веќе нема да минуваат низ центарот на градот. Тоа значи две работи – прво еколошки е одлично, второ ќе значи кратење на времето, а на тој начин ќе ја направи Македонија уште поатрактивна за карго сообраќај, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, при денешната работна посета во Гевгелија.

Пругата од Илинден до Драчево, како што нагласи, ќе значи многу и за забрзувањето на Коридорот 10.

– Прво ќе значи многу од еколошки аспект. Јас видов многу коментари вчера дека и досега карго возовите не влегувале во Скопје. Тоа е делумно односно многу неточно. Со тоа што некаде пред 30 – 40 години кога првпат била иградена оваа обиколница тоа било така, но со девастирањето што СДСМ го направија со неколку нивни влади на државата, за жал овој коридор не се користеше. Ние решивме и се зафативме целосно да го реконструираме заедно со ЈП „Железници и инфраструктура”, и се заблагодарувам на директорот Синиша Ивановски и на неговиот тим, така што во рекордно време се заврши карго обиколницата во Скопје со што товарните возови веќе нема да минуваат низ центарот на градот. Тоа значи две работи – прво еколошки е одлично, второ ќе значи кратење на времето, а на тој начин ќе ја направи Македонија уште поатрактивна за карго сообраќај, нагласи Николоски.

Според него, тоа е добро и за Гевгелија бидејќи оттука минува Коридорот 10.

– Уште еден проект кој заеднички го сработивме многу ќе помогне за Гевгелија, а тоа е дека воведовме „one stop shop”на железничката станица меѓу Македонија и Грција што значи дека карго возовите веќе не треба два пати да застануваат кога железнички доаѓаат навака, туку имаат само едно застанување. Во моментот работиме на зеднички железнички граничен премин и со Србија што дополнително ќе го забрза транспортот. Тука и е нашиот најголем проект за брза пруга, таму одлично оди подготовката на документација и очекувам, во текот на летото сите документи да бидат завршени, додаде Николоски.

Според вицепремиерот, реализацијата и на овој проект се очекува да биде во предвидениот рок.рш/са/

Фото: МИА

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ревизијата откри слабости: Агенцијата за вработување работела недомаќински
Следна Статија Филип Талески потпиша за Охрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Европарламетот на 4ти јуни: Резолуција со која се признава посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот меѓународно кодифициран македонски јазик

За прв пат пред европратениците ќе се најде Извештај во кој на неколку наврати се споменува многувековниот посебен македонскот идентитет…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по средбата со Орбан: Македонските граѓани платија огромна цена за да бидат дел од европското семејство, а сме во иста состојба како пред 20 години

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта во рамки на унгарско-македонскиот владин самит оствари средба со неговиот домаќин, унгарскиот премиер Виктор…

March 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Родителите на „Маршот на ангелите“: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“

Родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16. Марш на ангелите пред зградата на Полициската станица…

July 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Изведувачот се спремаше за арбитража, работниците беа повлечени, а денес имаме преубав експресен пат!

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денес присуствуваше на отворање на пуштање во употреба на делницата Градско-Дреново. -Во рок…

January 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?