Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Она што го прави Левица за Изборниот законик е театар за нивниот мал број гласачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Она што го прави Левица за Изборниот законик е театар за нивниот мал број гласачи
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Она што го прави Левица за Изборниот законик е театар за нивниот мал број гласачи

Објавено July 9, 2026 14:26
Сподели
Сподели

 Премиерот Христијан Мицкоски се уште го чека предлогот на опозицијата за Изборниот законик, со цел тој да биде донесен, а со тоа државата да ги исполни сите од предвидените 10 реформски чекори кои треба да се завршат до средината на месецов, а се од интерес на граѓаните. Пратениците од владејачкото мнозинство, вели, имаат усогласен став дека ќе се прифати секој предлог на опозицијата со вградени препораки на ОБСЕ-ОДИХР и содржано гласање на дијаспората. Она што го прават од опозициската Левица со Изборниот законик, вели, е театар за нивниот мал број гласачи.

– Од страна на владејачката група на пратеници во Парламентот имаме усогласен став којшто вели: Кажете што сакате, ставете го на хартија, ние ќе го прифатиме. Само да биде содржано гласањето на дијаспората. Една изборна единица? Една изборна единица. Повеќе пари? Повеќе пари. Еве ние ќе намалиме од кај нас, иако сме најголема политичка партија, нека биде за нив. Немаме никаков проблем. Сѐ што мислат дека тие треба да направат, ние ќе го прифатиме. Но, за жал, еве до денеска немаме сѐ уште никаков повратен одговор од страна на опозицијата, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Битола.

Појасни дека земјава имала 10 реформи што требало да ги заврши, а биле во грејс период со рок до крајот на јуни, а сега има одредено продолжување до средината на јули. Додаде дека меѓу нив е и Изборниот законик, кој е последниот што треба да биде донесен.

– ​Ние цениме дека начинот на којшто моментално гласа дијаспората, односно иселениците, не соодветствува на вистинскиот капацитет, односно тие не можат да излезат во доволно голем број да го дадат својот глас, да го реализираат своето право. Особено иселениците во Австралија, Канада и останатите прекуокеански земји. Тие треба 10 часа да летаат натаму-наваму за да го остварат своето право. Ние се обидовме да дадеме предлог којшто беше прифатен заедно со сите други измени коишто ги содржат препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Завршено беше сѐ, потпишан беше законот. Пратеничката група на Левица не сакаше да го потпише. Велат, „ние се сложуваме со сѐ, фала што ни дадовте повеќе пари. Еве, нема проблем, ќе си ги потрошиме“. Ова што сега го прават нема никаква врска со вистината, рече Мицкоски.

Додаде дека она што сега го прават од Левица е театар за мал број гласачи коишто сѐ уште им веруваат.

Потенцира дека ако вака се однесуваат сега, може да се замисли што ќе се случува доколку тие добијат можност да управуваат со некоја институција.

– Велат ние не се потпишуваме со вас, знаете ние сме Робеспјерови следбеници, не можеме со вас. Така, не може. Ако сакате да учествувате, ќе мора и да имате одговорност. И така рековме не може. ​Потоа настапи втората опозициска партија, СДСМ, па поднесоа илјадници амандмани. Секој си наоѓаше некаква забелешка. Затоа дадовме јасен предлог и кажавме  – седнете, договорете се во опозицијата што сакате, како сакате, дајте предлог во којшто ќе е вклучено гласањето на дијаспората и ние бланко го поддржуваме. Сѐ што сакате, ние бланко ќе ви поддржиме. Само дајте да го завршиме ова до 15-ти јули за да може десетте чекори да ни бидат успешно завршени, за да можеме да идеме во следна фаза, рече премиерот.

Додаде дека се уште нема усогласен став на опозицијата, иако оттогаш поминале неколку денови.

– Кога зборувам усогласен став на опозицијата, тука мислам на СДСМ, Левица, Демократската унија за интеграција и дел од пратениците кои сега како да функционираат во рамките на Парламентот, но еве ќе ги наречам пратениците на Зијадин Села, пратениците на Арбен Таравари, истакна Мицкоски, додавајќи дека тие во моментот се опозиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Со поглед во плафон почна судењето на осомничениот сериски убиец во кумановско
Следна Статија Албанските власти негираат дека пратеници и функционер на ВРЕДИ биле спречени да влезат во Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски со порака до опозицијата по критиките за Извештајот на ЕП: Срам да ви е, да не беше вашата криминална и попустлива политика, немаше да биде ова денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од трибина во Куманово ,,Од енергетска стабилност до силна економија“, и се осврна…

July 9, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави синоќешната акција на МВР во која беше уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев,…

March 20, 2026
ПОЛИТИКА

Пенов: Во Советот ќе се борам, нема да молчам

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов (68) ќе биде советник во Советот на Град Скопје. Пенов влезе во Советот…

October 21, 2025
ПОЛИТИКА

Филков до ДУИ: Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање на Дијана Тоска од ДУИ во врска со петицијата на студентите…

February 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?