Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ноќна потрага и кај Матка: Пронајден изгубениот турист
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ноќна потрага и кај Матка: Пронајден изгубениот турист
МАКЕДОНИЈА

Ноќна потрага и кај Матка: Пронајден изгубениот турист

Објавено July 12, 2026 12:36
Сподели
Сподели

Странски државјанин од Романија, кој се изгубил во реонот на Матка, кај пештерата Врело, успешно е пронајден по координирана акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Министерството за внатрешни работи и останатите надлежни служби.

Во 21:55 часот преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во ЦУК бил примен повик од романски државјанин кој при самостојно движење во непристапниот терен кај Матка се изгубил и не можел да го најде патот назад.

По приемот на пријавата, ЦУК веднаш ги известил МВР – ЦИК Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст на Република Северна Македонија, со цел нивно вклучување во потрагата.

Операторите на ЦУК преку постојана комуникација со изгубеното лице успеале да ја утврдат приближната локација врз основа на координатите и податоците добиени преку повикот на бројот 112. Информациите веднаш биле доставени до МВР за полесно лоцирање на лицето.

Поради ноќните услови, непристапниот терен и опасноста од дополнително губење на ориентацијата, на лицето му било укажано да остане на местото каде што се наоѓа додека трае потрагата.

Екипи од МВР – ЕВР Ѓорче Петров и Полициската станица Сарај, во координација со ЦУК, започнале теренска потрага. Поради тешко пристапниот терен од страната на Матка, спасувачките екипи пристапиле преку Националниот парк Јасен.

Во акцијата се вклучил и директорот на ЦУК, Мухамед Али, кој со теренско возило им помогнал на полициските екипи во потрагата.

По неколкучасовна акција, во 03:45 часот лицето било пронајдено. Било видно исплашено и дезориентирано, но во стабилна здравствена состојба.

По пронаоѓањето, романскиот државјанин бил пренесен во Полициската станица Сарај, каде МВР продолжува со постапување согласно своите надлежности.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Груевски: Тие станови не се мои ,обвинителката Стефанова го уцени Камчев да сведочи против мене
Следна Статија Се одржува Галичка свадба – обичаи, традицонални носии, песни и ора како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Димитриеска Кочоска: На Детската клиника имало лица кои незаконски биле повикани на работа

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска изјави дека на Детската клиника во Скопје биле ангажирани лица без претходно обезбедена законска…

June 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Обвинителите од СЈО зеле милионски бонуси: Јанева и соработниците без отчет, истрагата продолжува

Ги наполнија џебовите со над 4 ипол милиони евра од државната каса, а никој не даде отчет за сработеното, ниту…

February 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски

Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од Левица, откако по завршениот…

June 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Албански портал објави видео со тетовски полицајци во униформа кои влегуваат во цивилни возила со две девојки (ВИДЕО)

Албанскиот портал JOQ објавува видео на кое се гледа како двајца полицајци снимени во Тетово по краток разговор влегуваат во…

June 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?