Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Манасиевски: Единственото за што се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Манасиевски: Единственото за што се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Манасиевски: Единственото за што се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик

Објавено July 12, 2026 12:43
Сподели
Сподели

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ се согласни само во едно – да не биде донесен новиот Изборен законик.

Според него, заеднички именител на трите опозициски партии е, како што рече, стравот од пораз на следните избори.

„Единственото нешто за коешто се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик. Заедничко за овие три партии од опозицијата, освен блокадата на Изборниот законик, е стравот од поразот на следните избори“, изјави Манасиевски.

Тој оцени дека опозицијата создава конфузија во јавноста со различни образложенија за недонесувањето на Изборниот законик.

„Од таа причина, тие создаваат една какафонија во јавноста со неможноста да се донесе договор за консензус за носење на Изборниот законик и на тој начин креираат алиби за поразот на следните избори. Едните ќе речат дека не се вметнати препораките на ОБСЕ и ОДИХР, другите дека не добиле пари за рекламирање, третите пак ќе се жалат дека не се почитува волјата на граѓаните, иако губат три изборни циклуси по ред. Ова ќе бидат приказните кои ќе ги раскажуваат по поразот на следните избори“, рече Манасиевски.

Тој додаде дека, според ВМРО-ДПМНЕ, опозициските партии не се заинтересирани за реформи, туку за, како што наведе, нанесување штета на државата.

„Едноставно, граѓаните ја прочитаа коалицијата на СДС, Левица и ДУИ. Нив не ги интересираат реформи и закони, туку како повеќе да ѝ наштетат на државата со ваквиот однос. За нивна жал, Македонија повторно е признаена како лидер во регионот во спроведувањето на реформите, а тоа што не се носи Изборниот законик е само вина на СДС, Левица и ДУИ“, изјави Манасиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
Следна Статија (ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ѝ кажа збогум на Европа затоа што се плаши од независно судство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Стоилковиќ и Геровски – медиумски гасови

По навредите на Геро за претседателот на СДСМ и членовите на партијата од типот „скотови“ „будали“ „штабот на будалите“, по…

January 19, 2026
ПОЛИТИКА

Петрушевски: ДУИ е поразен, Груби не е доволно да си замине од политика туку да ги врати парите за кои се сомничи за криминал

ДУИ е поразен, Груби не е доволно да си замине од политиката туку да ги врати парите за кои се…

December 12, 2024
ПОЛИТИКА

Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција…

April 7, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков до Апасиев: Димче не е тоа што беше, го расипа кешот и квадратите деловен простор

И Димче не е тоа што беше! Разбирам дека вистината боли, па затоа Апасиев наместо да одговори на фактите –…

August 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?