Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лина Ѓорческа поразена во првото коло на турнирот во Рим
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Лина Ѓорческа поразена во првото коло на турнирот во Рим
СПОРТ

Лина Ѓорческа поразена во првото коло на турнирот во Рим

Објавено July 13, 2026 19:31
Сподели
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го загуби мечот од првото коло на ВТА 125 турнирот во Рим. Поуспешна од неа беше домашната тенисерка Дебора Киеза (Италија, 354.место ВТА листа) со 2-1 во сетови (67(1); 63 и 63) во меч што траеше 162 минути.

Мечот беше изедначен, а двете тенисерки добро се познаваат бидејќи беше шести нивни меч во последните четири години. Во првиот сет имаше по два брејка, а сетот беше решен во „13. та игра“ и по 1:0 на поени за Киеза, Ѓорческа освои седум поени и го освои сетот. Во вториот сет од девет одиграни гема, имаше дури седум брејка, а Киеза ги доби првиот и деветтиот гем на свој сервис и сетот го заврши со 6:3 во гемови. Во решавачкиот сет Ѓорческа повторно имаше проблем со сервисот, а ривалката направи три брејка.

Ѓорческа во мечот имаше 6 брејка од 14 можности, а Киеза 8 од 21.

Со денешниот триумф Киеза поведе во меѓусебните мечеви со 4:2 во победи.

Македонската тенисерка следната недела ја очекува настап на ВТА 125 турнирот во Палермо.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изборниот законик блокиран – рокот истекува во среда
Следна Статија По објавената снимнка: Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Свечено затворен ЕМОФ 2025

Со присуство на спортистите учесници на платото пред СЦ „Јане Сандански“ синоќа во Скопје е затворен Европскиот младински олимписки фестивал…

July 27, 2025
СПОРТ

Омерагиќ најави санкции за Кожуф и Башкими

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ вели дека продолжуваат со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28.…

May 7, 2025
СПОРТ

Почина репрезентативец на Јужна Африка

Репрезентативецот на Јужна Африка Џејден Адамс почина на 25 години, само неколку дена откако беше дел од репрезентацијата на својата…

July 11, 2026
СПОРТ

Јамал останува во Барселона до 2031 година

17 годишниот светски фудбалски бисер Ламин Јамал го продолжи договорот со шпанскиот шампион Барселона до 2031 година, соопштија од клубот…

May 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?