Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алвеш: Посреќен бев во затворот, отколку кога заработував милиони од фудбалот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Алвеш: Посреќен бев во затворот, отколку кога заработував милиони од фудбалот
СПОРТ

Алвеш: Посреќен бев во затворот, отколку кога заработував милиони од фудбалот

Објавено July 15, 2026 14:01
Сподели
Сподели

Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш изјави дека бил посреќен додека бил во затвор, отколку кога заработувал милиони евра како професионален фудбалер, истакнувајќи оти неговата вера во Бога му помогнала да го пронајде внатрешниот мир, објави шпанскиот весник „Марка“.

Алвеш, кој настапуваше за Барселона, Јувентус, Севиља, ПСЖ и бразилската репрезентација, неодамна одржа говор во Мадрид во кој зборуваше за своето искуство во притворот и важноста на верата.

„Заработував милиони евра, фала му на Бога и на фудбалот, но во тоа време не го сфатив тоа. Во затворот, каде заработував 113 евра, бев посреќен отколку кога заработував милиони“, рече Алвеш.

Бразилскиот фудбалер нагласи дека неговата вера му била најголемата поддршка во тој период.

„Играв фудбал, а потоа ги чистев собите во затворот, но го имав мојот Татко покрај мене“, рече Алвеш, алудирајќи на Бога.

Видеото од неговиот говор набрзо стана вирално на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции од јавноста.

Алвеш претходно беше обвинет за силување, но Високиот суд на Каталонија го ослободи од обвиненијата и ја поништи претходната пресуда со која беше осуден на казна затвор од четири и пол години. Претходно, Алвеш помина повеќе од една година во притвор, по што беше пуштен да се брани од слобода.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Фрчкоски: Нова бомба на АКТ: Над 2 милиони евра завршиле кај „Маратон” и уште една фирма блиска до ВМРО
Следна Статија Од понеделник можно е ново намалување на акцизите за горивата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Светското клупско првенство ќе продолжи, ќе се одржува на секои четири години

Шефот на Одделот на ФИФА за глобален развој на фудбалот Арсен Венгер ги отфрли критиките дека Светското клупско првенство е…

July 11, 2025
СПОРТ

И со промашен пенал Франција во полуфиналето

Репрезентацијата на Франција е првиот полуфиналист на Светското првенство откако синоќа во првото четвртфинале го победи Мароко со 2:0 во…

July 10, 2026
СПОРТ

Македонија убедливо ја победи Летонија во Рига

Македонската фудбалска репрезентација оствари важна победа од 3-0 на гостувањето кај Летонија и останува на првата позиција во својата група…

October 10, 2024
СПОРТ

„Црвените ѓаволи“ истрчаа на „Градски“

Селекторот Руди Гарсија ги искажа своите очекувања од мечот со Македонија. Тој рече дека сите играчи кои се допатувани, се…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?