Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево

Објавено July 15, 2026 15:25
Сподели
Сподели

Задоволен сум од досегашната динамика за изградба на меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, а во следна фаза ќе одиме на финансирање, истакна министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски во одговор на пратеничко прашање поставено од пратеничката Рина Ајдари, во врска со најавената изградба на магистралниот пат од Тетово до Призрен.

На денешната собраниска седница, министерот и заменик претседател на Владата, Николоски, најави изградба на нов автопат кој ќе води од Букојчани до Кичево и ќе се спои со автопатот Охрид-Кичево, проект кој, како што рече Николоски, доби т.н. „no objection“ од Европската банка за обнова и развој.

– Динамиката на меѓудржавниот пат меѓу Тетово и Призрен, еден од споевите меѓу Македонија и Косово, оди добро. Во рамки на Јавното претпријатие за државни патишта формирана е меѓуресорска комисија која што работи на изработка на потребната документација, а ја подготвува Градежниот факултет. Во условно кажано полесниот дел од проектот работата е завршена, иако проектот е доста комплициран. Сега се побарани податоци од Градежниот факултет во однос на прекуграничниот тунел затоа што идејата е со прекуграничен тунел да се спојат двете држави. Побарани се податоци и од Република Косово затоа што тунелот ќе почнува на наша територија, а ќе заврши на територија на Република Косово и по добивањето на податоците, Градежниот факултет ќе почне со проектирање и на тунелското решение. Исто така формиравме меѓудржавна комисија со претставници од двете држави за развој на овој проект. Во комисијата има претставници од Министерството за транспорт, од ЈПДП и од Владата на Република Косово. На мојата последна средба со министерот во Солун, која што беше пред три недели, разговаравме за овој значаен проект и утврдивме заеднички активности. Проектот солидно се развива и треба да се знае дека се работи за исклучително комплициран проект затоа што теренот на двете страни е комплициран. Станува збор за Шар Планина и треба да се очекува дека тоа ќе биде скап проект, посочи министерот и вицепремиер Александар Николоски.

Пред пратениците во македонското Собрание, Николоски потсети дека е потпишан договор за изградба на автопатот Скопје-Блаце, а наскоро ќе биде промовиран и проектот за автопат кој ќе води од Букојчани до Кичево.

– Сакам да кажам дека потпишавме договор за изградба на автопатот Скопје-Блаце, а за многу брзо време јавноста ќе ја информираме за уште еден многу голем проект за што добивме т.н. „no objection“ од Европската банка за обнова и развој, изградба на уште еден автопат, а тоа е автопатот што ќе води од Букојчани до Кичево, односно автопат кој што треба да го спои автопатот Охрид-Кичево со автопатот Букојчани-Гостивар-Тетово. Тоа е една убава вест за граѓаните, нагласи министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски на денешната седница за пратенички прашања во македонското Собрание.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична за кумановецот насилник чија ќерка побара помош преку видео на социјалните мрежи
Следна Статија Јанев по апсењето на Лазаров: Правдата стигнува, законот важи за сите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бислимовски: Воведувањето на дополнителен час евтина тарифа ќе се одложи за наредната година

До крајот на годината нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа за електричната енергија за домаќинствата, ова го…

October 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа…

February 17, 2026

Тајван одлучно одбива американски предлог за негова индустрија на чипови

Тајван јасно укажува дека планот на САД за преместување на 40% од неговиот полупроводнички синџир на снабдување е неостварлив

February 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

One Macedonia и Ericsson потпишаа договор за развој на најсовремена 5G мрежа

One Macedonia Telecommunications ДООЕЛ, членка на 4iG Групацијата, на Светскиот мобилен конгрес во Барселона (Mobile World Congress 2026) потпиша договор…

March 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?