Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
ХРОНИКА

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор

Објавено July 15, 2026 16:31
Сподели
Сподели

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски, денеска доброволно замина на издржување на преостанатиот дел од затворската казна, откако Кривичниот суд ги разгледа неговите медицински документи и ја одби жалбата за одложување по неодамнешната операција.

Судскиот процес против Јакимовски траеше повеќе од шест години, а во април минатата година тој првостепено беше осуден на три и пол години затвор за две дела, бесправно градење и злоупотреба на службената положба. Сепак, скопска апелација во јуни годинава донесе конечна одлука со која ја преиначи пресудата и го врати делот за злоупотреба на службената положба на повторно судење, но ја потврди едногодишната затворска казна за бесправното градење кое се однесува на двете времени бараки во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“. Бидејќи во казната му се пресметуваат и петте месеци поминати во куќен притвор во 2019 година, ефективното време кое Јакимовски треба да го помине зад решетки изнесува точно шест и пол месеци.

Од партијата на Јакимовски изразија длабоко разочарување укажувајќи дека поставувањето на времените објекти – бараки во кои 13 години беше сместена опшинската администрација не направила никому штета, туку општината за сите тие години заштедила милион и пол евра кирија, бидејќи не плаќал закуп.

„Ова е единствениот случај во Европа кој Јакимовски ќе одлежува ефективна казна затвор за измислено кривично дело бидејќи за поставувањето на времениот објект има одлука на Совет на општина Карпош, тоа е дел од потврдена програма за работа од истиот, програма за јавни набавки и обезбедено со пари од буџет на општината. Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош“, велат од партијата.

Според нив, со случајот Стевчо Јакимовски судот дефинитивно се потврдил како параполитичка организација, која не и служи на правдата, на законите и на Уставот, туку на политичката партија која е на власт.

„Жално е што во замолкнувањето на нашиот претседател Стевче Јакимовски, покрај Христијан Мицкоски, учествува и правосудниот систем и со ова уште еднаш пред очите на јавноста покажаа дека правдата е селективна, не важи за дивоградбашите кои граделе на државно земјиште за своја сметка без платени комуналии и заработиле милиони, туку во затвор ќе оди најнаградуваниот градоначалник не само во Република Македонија туку и пошироко. Не земајќи ја во предвид неговата здравствена состојба дека тој е онколошки неизлечен пациент, оперативниот зафат извршен пред 12 дена само ја покажува нечовечноста, нехуманоста и флагрантно кршење на човековите права. Не не’ зачудуваат политичките противници и нивната крволочност, но нека им служи на чест на сите оние од правосудниот систем кои оркестрирано во служба на власта учествуваа во замолкнувањето на Стевче Јакимовски. Воедно им благодариме на сите граѓани, знајни и незнајни кои во изминативе дваесетина дена му даваа сесрдна поддршка на претседателот Јакимовски“, пишува со партиското соопштение од ГРОМ.

Самиот Јакимовски веднаш по потврдувањето на казната излезе со жестоки обвинувања до јавноста, тврдејќи дека станува збор за класичен политички прогон мотивиран од неговите противници кои сакаат да го замолкнат бидејќи им пречи. Тој јавно го прозва премиерот Христијан Мицкоски како директен нарачател на пресудата, нагласувајќи го апсурдот што добил упатен акт за во затвор на 2 јули уште пред физички да ја прими писмената пресуда од судот.

Од друга страна, владејачката ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг период јавно го обвинуваше Јакимовски за урбанистички хаос, злоупотреби и незаконско богатење на неговото семејство преку атрактивни градежни парцели во најелитните зони во Карпош, како Жданец и Бардовци.

Случајот доби и меѓународна димензија откако Стевче Јакимовски во март 2024 година беше официјално ставен на црната листа на САД од страна на Стејт департментот поради неговата вмешаност во значителна корупција и мешање во урбанистичкото планирање и јавните набавки.

И покрај сите судски притисоци, Јакимовски ја истурка својата последна кампања на локалните избори во ноември минатата година, каде што во исклучително неизвесна трка го загуби градоначалничкиот мандат во Карпош од противкандидатот Сотир Лукровски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДЕТАЛИ: Докторот во „Железара“ бил убиен со девет убоди од нож, сопружниците одат во притвор
Следна Статија Кривична за кумановецот насилник чија ќерка побара помош преку видео на социјалните мрежи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Македонец загина во Бугарија – автомобил удрил во гости во ресторан

Ноќеска околу 01:36 часот, на бројот 112 е примена дојава за трагичен инцидент на улицата Гранчарска во Разград, Бугарија. Полицијата…

July 6, 2025
ХРОНИКА

Почина бебе во Шуто Оризари

На 10.01.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош е пријавено дека во дом на подрачјето на…

January 11, 2026
ХРОНИКА

Ужас: Штипјанец ја убил својата мајка синоќа во Македонија

Штипјанец синоќа ја убил мајка си во домот. Според информации на М Нет-ТВ лицето било во алкохолизирана состојба, а не е јасен…

August 8, 2025
ХРОНИКА

Двајца државјани на Македонија загинаа во сообраќајка на автопатот Белград-Ниш

Сообраќајна несреќа се случила утрово на автопатот Белград-Ниш, при што загинале две лица, а едно е повредено, дознава Танјуг. Според…

December 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?