Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тројца мртви во тешка сообраќајка на Халкидики: Загинаа татко, мајка и бебе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Тројца мртви во тешка сообраќајка на Халкидики: Загинаа татко, мајка и бебе
БАЛКАН

Тројца мртви во тешка сообраќајка на Халкидики: Загинаа татко, мајка и бебе

Објавено July 15, 2026 22:18
Сподели
Сподели

Татко од Молдавија почина од тешки повреди здобиени во сообраќајна несреќа на Халкидики, откако неговата сопруга и нивното бебе починаа на местото на настанот.

Несреќата се случила денеска попладне, на регионалниот пат Полигирос – Агиос Николаос, кога патничко возило со молдавски регистарски таблички, во кое се превезувале родители со две деца, се судрило со камион-цистерна, јавува Прототема.

Пожарникарите брзо пристигнале на местото на несреќата и, со помош на специјална опрема, ги ослободиле жртвите. Жената и бебето биле извлечени од автомобилот без знаци на живот, додека таткото и малолетното дете биле извлечени тешко повредени, со краниоцеребрални повреди.

Екипите на итната помош пристигнале на местото на настанот со еден мотоцикл и три амбулантни возила. Сите четири члена на семејството биле однесени во болница, заедно со возачот на цистерната.

За жал, таткото на семејството не преживеал и починал во одделот за итни случаи на болница на Халкидики.

Малолетникот останува хоспитализиран, додека возачот на цистерната е во стабилна состојба и не се здобил со сериозни повреди.

 

Точните причини и околности за оваа тешка несреќа ги утврдуваат надлежните органи на сообраќајната полиција во Полигирос.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Т- рекс продаден за рекордни 50 милиони долари
Следна Статија Обвинителката Ристоска: ,,Талир 2″ ми беше одземен за да се спаси седиштето и имотот на ВМРО-ДПМНЕ од конфискација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

И по 54-ти пат Косово сè уште без собраниски спикер

Ниту доцна синоќа не успеа да се конституира Собранието на Косово, и покрај тоа што ова беше веќе 54-ти обид…

July 27, 2025
БАЛКАН

Грците прокоцкале 15 милијарди евра во криптовалути!

Се подготвува нова институционална рамка за целосна контрола на пазарот и компаниите кои работат во Грција. Реизборот на Доналд Трамп,…

November 19, 2024
БАЛКАН

Деканката на филозофскиот факултет од Ниш нападната со нож – едно лице е уапсено

Деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Наталија Јовановиќ денеска е повредена со нож на собир на студенти и…

March 30, 2025
БАЛКАН

ВО ЖИВО За да се спречи насилство, студентите ја сменија локацијата на протестот во Белград

Студентите на Електротехничкиот факултет во Белград кои се во блокада утринава најавија дека локацијата на протестот во 16 часот се…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?