Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од играчка плачка во Србија: Еден починат, откако си подавале рачна бомба во двор која екплодирала
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Од играчка плачка во Србија: Еден починат, откако си подавале рачна бомба во двор која екплодирала
БАЛКАН

Од играчка плачка во Србија: Еден починат, откако си подавале рачна бомба во двор која екплодирала

Објавено July 18, 2026 16:44
Сподели
Сподели

Едно лице го загуби животот, а уште двајца мажи се со повреди по експлозија што синоќа се случила во дворот на семејна куќа во близина на Панчево, Србија. Како што пренесуваат медиумите, на местото на настанот им подлегнал на повредите Драган П., додека повредените се пренесени и згрижени во здравствена установа.

Полициски службеници веднаш по пријавата излегле на терен и ја обезбедиле локацијата за да се сочуваат трагите. Истрагата за утврдување на сите околности околу инцидентот се спроведува во директна соработка со Вишото јавно обвинителство во Панчево.

Според првичните полициски наоди, до трагедијата дошло по активирање на експлозивна направа во приватниот имот каде биле присутни повеќе лица.

Во официјалното известување од српското Министерство за внатрешни работи накратко се соопштуваат првите преземени мерки:

„Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија, експлозијата настанала како последица на активирање на експлозивна направа. Веднаш по пријавата, полицијата го обезбедила местото на настанот, а истрагата се спроведува во соработка со Вишото јавно обвинителство во Панчево.“

Дополнителните детали до кои дојдоа тамошните медиуми говорат дека настанот се случил за време на приватна забава. Како што се наведува во нивните пренесени сознанија, несоодветното ракување со оружјето било причина за несреќата.

Според неофицијални информации, трагедијата се случила за време на дружење на неколку лица во дворот на куќата, при што имало и музика. Според тие информации, во еден момент тројцата мажи си фрлале бомба еден на друг, кога дошло до активирање на експлозивната направа. Драган П. им подлегнал на повредите на самото место, додека другите двајца мажи се повредени и згрижени во надлежна здравствена установа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во двата земјотреси во Венецуела загинале над 5 илјади лица
Следна Статија Се повредил при сеча на дрва и починал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

ВИДЕО: Хаос во Нови Сад – Маскирани лица се обидоа насилно да влезат во Градското собрание

Поединечни учесници на вечерашниот протест на опозицијата во Нови Сад ги скршиле стаклата на вратите и прозорците на градското собрание…

November 5, 2024
БАЛКАН

Брнабиќ: Нема да има контрамитинг во Белград на 15 март

Претседателката на Собранието на Србија изјави дека нема да има голем собир организиран од властите во Белград и дека нема…

March 3, 2025
БАЛКАН

Израелски туристи заглавени во Босна: 47 пасоши фрлени во ѓубре во хотел

Најмалку 47 израелски туристи останаа заглавени во Босна и Херцеговина откако нивните пасоши по грешка завршиле во корпата за отпадоци…

August 19, 2025
БАЛКАН

Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони

Поплавите што зафатија делови од југоисточна Бугарија и брегот на Црното Море одзедоа три животи и принудија стотици луѓе да…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?