Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Собранието ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
ЕКОНОМИЈА

Собранието ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

Објавено July 20, 2026 16:29
Сподели
Сподели

Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври.

Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Македонија.

Со донесената одлука, како што соопштија, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.

Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството. Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и на меѓународниот енергетски пазар и доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати – посочија од владината прес-служба.

Пред изгласувањето на дневниот ред на денешната пленарна седница, пратениците од политичките партии на Албанците побараа од предлагачот да ја тргне од дневниот ред точката за продолжување на кризната состојба и за неа да биде свикана посебна седница, а седницата да биде прекината зашто била свикана спротивно на Деловникот на Собранието. Обвинуваа дека со ваквото свикување на седници власта сака, како што рекоа, да го „прошверцува“ пакетот закони за високо образование. Потоа, беше дадена пауза за координација на координаторите на пратеничките групи и по паузата беше постигнат договор законите за високот образование да не бидат ставени на денешната седница.

Пратеникот на Албанска лига, Елми Азири истакна дека не може да се направи „камуфлажа на тенденцијата за да прошверцувате неколку закони“ со претекст на тоа за продолжување на кризната состојба за снабдување со нафта.

Ние сме имале и други случаи кога сме имале закони за објавување на кризна состојба, сме биле конструктивни и истите сме ги поддржале и пак ќе го направиме истото. Но, не можеме да изигруваме наивни дека пред наши очи не се почитува Деловникот, не се почитуваат неколку члена на Деловникот. Се спомна член 74 и член 150 од Деловникот. Ќе го прочитам за граѓаните „седницата на Собранието за прво читање на предлог на законот се одржува во рок од 10 работни дена од денот на донесување на решението за свикување на седницата, но не подолго од 20 работни дена од денот на доставување на предлог на законот до пратениците“. Ве повикувам, бидејќи вие давате објаснување, ка кажете пред пратениците кој член од Деловникот е почитуван за свикување на оваа седница. Евидентно е дека имаме непочитување на неколку члена на Деловникот. Тенденцијата ни е јасна. Можноста да се избегне оваа ситуација и вие сте можеле да свикувате посебна седница кризната состојба. Додека за другите точки, во согласност со Деловникот – рече Азири.

Координаторката на пратеничката група на ДУИ, Рина Ајдари праша да се каже каде е итноста да се донесат законите за високо образование.

Нема ништо ургентност. Ако првата точка е продолжувањето на кризната состојба, имаме можност штом предлагачот е тука, нека излезе и нека ја повлече точката од дневниот ред и оваа точка да оди во друга нова седница, а не да има исто третирање како со другите точки од дневниот ред кои се по редовна постапка. Каде е ургентноста на ова, освен вашиот обид да направите правно шверцување на сите закони кои вас ви одат во прилог. Друга логика не гледам. Предлагачот не ка излезе и нека ја повлече точката од дневниот ред и да одиме со нова седница каде што ќе се разгледува ургентноста – рече Ајдари.

На обвинувањата на опозициските партии, потпретседателот на Собранието, Антонијо Молишоски нагласи дека нивната главна интенција е да им излезат во пресрет на граѓаните и на стопанствениците за да се донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати.

Затоа што, доколку не се донесе оваа одлука, без разлика дали некој е од ДУИ или не е, ќе биде жртва на ваквите опструкции поради тоа што ќе биде загрозено снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Апелирам до пратеничката група на ДУИ да го прифати аргументот дека доколку оваа седница беше свикана во редовен рок од најмалку 10 дена Собранието објективно не би можело да одлучи пред истекот на кризната состојба. Таквиот прекин би можел да предизвика негативни последици за граѓаните, за стопанството, за транспортот, за јавните служби и за целокупната енергетска стабилност на државата. Доколку не помине кризната состојба заради опструкции од страна на ДУИ, во ред, тогаш ќе имаме последица која јавноста ќе може да види заради што е настаната. Би било добро да бидеме солидарни и одговорности по однос на интересот на стопанството, на граѓаните и на енергетската стабилност – рече Милошоски.

Собранието во рамки на денешната 115.седница ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат неколку законски решенија – Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за меѓународна и привремена заштита и Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување. Овие предлог-закони ќе треба да бидат разгледани ви матичните комисии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателката на Индија Драупади Мурму денеска во официјална посета на Република Македонија
Следна Статија Митева: Постапувањето на Обвинителството треба да биде брзо за случајот во Гостивар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

СДСМ поднесе закон за намалување на цени со кој до 2.000 денари ќе се заштедува месечно на храна

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот…

November 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

ВНИМАВАЈТЕ: Пазарите се преплавени со лажен мед

Климатските промени ги преполовуваат годишните приноси на мед. Пчеларите од охридскиот регион велат има пчеларници кои годинава имаат дури и…

August 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јовевски: Скратувањето на работното време е неизбежно во иднина

Скратувањето на работното време е неизбежна иднина и неизбежна дебата што ќе следува и во Македонија токму поради дигитализацијата и…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Синдикатите на протест: Се бара минимална плата од 600 евра

Синдикатите денеска излегуваат нa протест, барајќи покачување на минималната плата од 600 евра, и зголемување по 100 евра за сите…

January 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?