Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мега-скандал во Украина: Си купил 143 станови по цена на мобилен телефон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Мега-скандал во Украина: Си купил 143 станови по цена на мобилен телефон
ЗАБАВА

Мега-скандал во Украина: Си купил 143 станови по цена на мобилен телефон

Објавено July 20, 2026 20:06
Сподели
Сподели

Во чувствително време кога Украинците протестираат поради разрешувањето на популарниот министер за одбрана, откриен е нов голем корупциски скандал. Братот на првиот човек на Државното биро за истраги купувал десетици станови и имоти по цена на мобилен телефон. Не за квадрат, за цел стан.

Во центарот на скандалот се Олексиј Сухачев, шефот на Државното биро за истраги (ДБР) и неговиот брат Олександр, кој води разни бизниси. Осум големи украински медиуми ја прекршиле забраната да се пишува било што за случајот и координирано го објавија извештајот од истражувачката платформа Slidstvo и антикорупцискиот центар AntAC. Тие тврдат дека Олександр Сухачев во периодот од 2018 до 2020 година по ненормално ниски цени купил 143 станови, деловни простории и други имоти во два станбени проекти во Харков изградени од инвеститорот „Строј Сити“.

За првата тура од 30 стана Сухачев платил вкупно 39.300 долари, односно помеѓу 932 и 1.856 долари за еден стан. Само два дена подоцна, купил уште 28 станови за помалку од 33.000 долари – севкупно 58 станови во Харков за 72.000 долари.

Ако ги купувал по пазарна цена, која во тој период била околу 800 долари за квадратен метар, со тие пари би можел да купи едвај еден стан од 90 квадрати.

Олександер Сухачев сега не поседува речиси ниту еден од 143-те имоти. Само делумно е познато кога, на кого и по кои цени биле пренесени имотите.

Но скандалот не запира тука. Полицијата и обвинителството во 2021 година почнале истрага за нелегално изградени станбени комплекси во Харков. Во 2022 година, случајот бил префрлен во Државното биро за истраги (ДБР), чиј шеф бил Олексиј Сухачев. Во почетната истрага никој не бил формално обвинет. Случајот ѝ бил вратен на полицијата и бил затворен.

На новинарите им било забрането да пишуваат за случајот, согласно судска одлука. Компанијата „Паркови-2“, поврзана со инвеститорот, поднесе тужба против Slidstvo.Info, Центарот за антикорупциски активности и новинарката Алина Стрижак, откако побарале информации за својата истрага за Сухачев.

Во тужбата се тврдело дека новинарите незаконски собираат лични податоци и комерцијални информации. Инвеститорот побарал од судот да забрани објавување детали поврзани со договорите за инвестирање, износите на инвестициите и недвижниот имот, за да не се загрозат деловни и приватни тајни.

Комитетот за заштита на новинарите ја опиша судската одлука како „правен маневар без преседан“.

Оваа забрана изгледа како отворен чин на цензура, ние, заедно со другите учесници во „Иницијативата 143“, сметаме дека е неопходно да го објавиме истражувањето“, наведоа во заедничко соопштение за јавноста осумте медиуми, кои се солидаризираа со Slidstvo.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Граѓаните на Гостивар заслужуваат да ја знаат вистината
Следна Статија Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Леонардо ди Каприо го прослави својот 50-ти роденден, на забавата цела холивудска елита (ФОТО)

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо го прослави својот 50-ти роденден. Во оваа прилика тој одржа голема забава во својата приватна…

November 12, 2024
ЗАБАВА

(Видео) Каде е денес и како изгледа крадецот Марв од филмот „Сам дома“

Даниел Стерн, познат по улогата на крадец во филмот „Сам дома“, живее повлечено и далеку од сјајот на Холивуд. „Сам…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава

Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво, а за 0,1 процент на квартално,…

April 8, 2026
ЗАБАВА

Сцена како од филмот „Кум“: На сицилијански бизнисмен му оставиле коњска глава во дворот

Главата на животното била оставена на седиштето на багер во сопственост на бизнисмен, градежен изведувач во Алтофонте, во близина на…

November 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?