Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Колиформни бактерии над дозволеното ниво во водата во Гостивар – Приведени тројца раководители на „Комуналец“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Колиформни бактерии над дозволеното ниво во водата во Гостивар – Приведени тројца раководители на „Комуналец“
ЗДРАВЈЕ

Колиформни бактерии над дозволеното ниво во водата во Гостивар – Приведени тројца раководители на „Комуналец“

Објавено July 21, 2026 09:43
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Гостивар ги објави резултатите од анализите на водата за пиење, кои покажуваат сериозно загадување поради што таа е оценета како небезбедна и неупотреблива за каква било намена. Во врска со случајот е отворена истрага против в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар и уште двајца раководители, кои се приведени.

Обвинителството соопшти дека против тројцата е поведена истражна постапка за кривичното дело „Тешки дела против животната средина и природата“, поврзано со загадување на вода за пиење.

Според сомнежите, осомничените, како в.д. директорка, технички раководител на Секторот за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи, со свои дејствија ја направиле неупотреблива водата во системот што ја снабдува Општина Гостивар и дел од околните села.

Истрагата покажала дека на 25 јуни тие наложиле на вработени да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода, во близина на преливната комора на водоводниот систем, со цел да се тестира притисокот на водата.

При увид извршен на 16 јули било утврдено дека две од пумпите сѐ уште работеле и преку црева пренесувале вода од отворениот канал во преливната комора на системот за водоснабдување. На тој начин дошло до мешање на загадена вода со водата за пиење.

По наредба на јавен обвинител, Институтот за јавно здравје извршил лабораториски анализи, при што било утврдено дека водата од каналот е екстремно загадена. Измерени се 2.419,6 cfu/100 мл колиформни бактерии, иако максимално дозволената вредност е 50 cfu/100 мл.

Анализите на водата од каптираниот извор покажале зголемен број аеробни мезофилни бактериски колонии и присуство на 39 cfu/100 мл колиформни бактерии, иако според стандардите нивното присуство треба да биде нула. Поради тоа, водата е оценета како небезбедна за употреба и консумирање.

Дополнително, примерок земен од чешма на улицата „ЈНА“ во Гостивар покажал и зголемена концентрација на резидуален хлор од 1,1 мг/л, што е над максимално дозволената вредност пропишана со правилникот.

Обвинителството оценува дека последиците од загадувањето не можат лесно да се отстранат, поради што постои основано сомнение дека е сторено кривичното дело.

Основното јавно обвинителство Гостивар продолжува со истражните дејствија за целосно расчистување на случајот. Осомничените се задржани, а во текот на денот јавен обвинител ќе одлучи дали до судот ќе предложи мерки за нивно обезбедување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерот Николоски ќе присуствува на промоцијата на седмиот авион на „Виз ер“ во Скопје
Следна Статија Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Кардиохирургот Едис Љајиќ по потекло од Македонија со помош на роботски систем во Германија оперираше скопјанец со коронарна срцева болест

Македонски државјанин од Скопје, кој во моментов живее и работи во Германија, е опериран со хируршкиот роботски систем da Vinci…

February 11, 2026
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Зависни сме од еден ПЕТ-скен апарат и од еден добавувач на суровини, ако дојде време за сервисирање нема алтернатива

Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, во државава недостасува стратегија за развој на здравствената мрежа. – На…

February 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Дел од онколошките пациенти повторно без терапија, недостигаат лекови за рак на дојка

Онколошки пациенти повторно останаа без лекови. Речиси месец дена нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало и…

April 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нема глукомери и ленти, велат од Здружението на дијабетичари

Пациентите со дијабетес повторно алармираат за недостиг на глукомери, ленти и сензори, проблем што, според Здружението на дијабетичари, трае веќе…

April 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?