Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По 30 дена притвор во Шутка за директорката и двајца раководители на гостиварски „Комуналец“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > По 30 дена притвор во Шутка за директорката и двајца раководители на гостиварски „Комуналец“
ХРОНИКА

По 30 дена притвор во Шутка за директорката и двајца раководители на гостиварски „Комуналец“

Објавено July 21, 2026 17:48
Сподели
Сподели

По 30 дена затворски притвор добија тројца осомничени – Арта Асани директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар и раководителите Леон Уредини и Вадедин Дервиши, одлучи судијата на претходна постапка Ќирко Михајлоски од гостиварскиот суд.

Тие ќе бидат упатени во затворот во Шутка, Скопје.

Судијата го прифати предлогот на Јавното обвинителство кое претходно денеска побара притвор за тројцата осомничени бидејќи се сомнева дека директорката и раководителите им дале наредби на вработени да постават потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи во близина на преливната комора со вода за пиење, за да го тестираат притисокот на водата во градскиот водовод, што придонело водата да се загади и во градот беше прогласена епидемија.

Обвинителството ги товари Асани, Уредини и Дервиши за кривично дело „тешки дела против животната средина и природата“ за кое казната е од четири до максимални 20 години затвор.

Надлежниот Обвинител за случајот од ОЈО Гостивар, Хазби Исени, рече дека засега истрага е насочена само против тие три лица, но ќе може да се прошири и на други лица и институции во зависност од доказите што ќе произлезат.

Во тек се засилени инспекциски контроли, при што мостри се земаат од целиот водоснабдителен систем, од градинки, здравствени установи, угостителски објекти, верски објекти и други јавни институции.

Од Министерството за здравство вчера информираа дека е забележано почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со стомачни тегоби во Гостивар.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се бара притвор за тројцата од гостиварскиот „Комуналец“
Следна Статија Страшно невреме во Скопје: Хаос на улиците, паднати кровови, скршени дрвја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ФОТО) Возило заврши на кров, а двајца на хирургија

Сообраќајна несреќа во која учествувале две возила се случи попладнево во Куманово, соопшти полицијата. Од СВР Куманово најавија детали за…

July 1, 2025
ХРОНИКА

Таткото на Вања до Велибор Манев: Зошто ми го убивте детето?

На денешното судење за убиствата на Вања и Панче таткото на Вања се обрати до Велибор Манев и го праша…

March 19, 2025
ХРОНИКА

Маж од скопско физички ги нападнал 70-годишната мајка и 43-годишната сестра

На 02.01.2025 во 14.50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.З.(39) од скопско село, по претходна…

January 3, 2025
ХРОНИКА

Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари,…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?