Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Невремето остави хаос: Над 9.000 повици за помош во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Невремето остави хаос: Над 9.000 повици за помош во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Невремето остави хаос: Над 9.000 повици за помош во Скопје

Објавено July 22, 2026 10:14
Сподели
Сподели

Силното невреме проследено со ветер, дожд и локални поројни врнежи предизвика материјални штети во повеќе региони низ државата. Регистрирани се паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на штетите и нормализирање на состојбата.

Во Скопскиот регион, по 17 часот преку Единствениот број за итни повици 112 се примени над 9.000 повици од граѓани, од кои најголемиот дел се однесуваат на последиците од невремето. Најчести пријави се за паднати дрвја, оштетени возила и кровни конструкции, скинати електрични кабли, паднати бандери и други оштетувања на територијата на сите скопски општини.

Во Полошкиот регион, на подрачјето на Тетово, нема регистрирани потешки случаи кои барале итни интервенции. Пријавени се помали материјални штети, а надлежните служби ја следат состојбата.

Во Вардарскиот регион, кој ги опфаќа Велес, Свети Николе, Лозово, Кавадарци и Неготино, се регистрирани паднати дрвја и гранки, оштетени кровови и настрешници, како и прекини на електричната мрежа. На терен се ангажирани противпожарните единици, јавните комунални претпријатија, полицијата и екипи на ЕВН.

Во делови од Свети Николе, Лозово, Чашка и околните населени места има прекини во снабдувањето со електрична енергија поради оштетувања на инфраструктурата. Во индустриската зона во Кавадарци, поради паднати електрични жици, избувнал пожар кој бил брзо локализиран.

Во Североисточниот регион, на подрачјето на Куманово, се пријавени паднати дрвја, оштетени фасади и кровни конструкции, паднати кровови, како и оштетувања на електричната инфраструктура. Регистрирани се и случаи на паднати дрвја врз возила, при што е предизвикана материјална штета.

Во Пелагонискиот регион, последици од невремето се регистрирани во делови од прилепскиот регион. Откорнат е лимен кров од управната зграда на ЈП „Национални шуми – Црн Бор“, а вработените работат на отстранување на последиците.

Во Источниот регион, во Штип, Кочани, Пробиштип и Виница, се евидентирани повеќе оштетувања предизвикани од силниот ветер и дожд.

Во Пробиштип има паднати дрвја и гранки, оштетени кровови на приватни и стопански објекти, паднати оџаци и оштетени возила. Поради последиците од невремето бил блокиран патниот правец од село Ратавица кон Злетово, а регистрирани се и прекини во електроснабдувањето.

Во Кочани се пријавени оштетени кровни конструкции, паднати дрвја и гранки, навалени бандери и поплавени подрумски простории. Околу 80 проценти од градот останал без електрична енергија, а поради прекин на работата на пумпите било нарушено и водоснабдувањето. Одржан е состанок на Општинскиот кризен штаб.

Во Штип се регистрирани повеќе паднати дрвја и гранки кои го отежнувале сообраќајот, оштетена е кровна конструкција на објект на улицата „Вита Поп Јорданова“, а околу 50 отсто од кровната конструкција на Клиничката болница Штип била подигната од силниот ветер. Регистрирани се и поплавени болнички простории. Екипи на ТППЕ Штип и јавните претпријатија се на терен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонците во Грција: За 20 години од барање за враќање на имотите до повик да добијат грчки пасош
Следна Статија Во невремето во Скопје оштетени 117 возила, 35 покриви, 7 семафори, „Вила Водно“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Живко Попов: Потребни се коренити реформи во научноистражувачката дејност и високото образование

Потребни се коренити реформи во научноистражувачката дејност и високото образование при што подигањето на нивниот квалитет мора да се сфатат…

October 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Стапуваат на сила измените на Законот за електронски комуникации, во првиот бран ќе бидат забранети над 160 веб страници за нелегално коцкање

Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бигорски манастир: Да го прифатиме намалувањето на цените во празничните денови како општествена кауза

По повод двата најголеми христијански празници, Рождество Христово-Божиќ и Христовото воскресение – Велигден, Свештената бигорска Обител, секоја година се обраќа…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Здруженијата на децата бегалци бараат нивниот осквернавен споменик да се врати во првобитната состојба

Македонско Патриотско Здружение В’мбел Егеј преку Фејсбук се обрати со своите членови, симпатизери, поддржувачи.Сакаме да ве информираме дека нашето здружение…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?