Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски потврди: Од овој месец повисоки плати во образованието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски потврди: Од овој месец повисоки плати во образованието
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски потврди: Од овој месец повисоки плати во образованието

Објавено November 6, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево одговори потврдно на прашањето дали ќе има повисоки плати во образованието.

– Да, од овој месец треба платата во основното и во средното образование да биде повисока за пет проценти. Мислам сега на таа во ноември за октомври што е исплатена, појасни премиерот, по посетата на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Тој додаде дека во април 2025 година, практично со мартовската плата, ќе има зголемување за дополнителни седум проценти. Во април 2026 година, од 7 ипол до 10 проценти, како што посочи премиерот, во зависност од кондицијата на буџетот.

– Април за март 2027 година, повторно 7 ипол до 10 отсто и веќе април 2028 за март 2028 година – од 10 до 12 ипол проценти. Така што, минимум во овој дијапазон временски, платата ќе биде на просечна во образованието зголемена за 46 проценти, а максимум до 60 отсто, што мислиме дека навистина ќе дојдеме до едно пристојно ниво, истакна премиерот.

Тој смета дека не е доволно, но тоа било во рамките на можностите.

– Бидејќи во моментот, ако просечната плата во државата е повеќе од 41 илјада денари, во образованието е 9 илјади денари помалку, околу 32 илјади денари, додаде Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бислимовски: Нефер однесувањето на енергетскиот пазар ќе се казнува со дел од приходот
Следна Статија Мицкоски по средба со МАСИТ Комората: Инвестираме во ИТ секторот бидејќи е важен за развој на економијата и државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владиката Никола избран за Митрополит Австралиско-новозеландски

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на денешната седница го избра Епископот Велички г. Никола за…

March 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Поврзаноста не се мери во лајкови, туку во љубов и присуство, порача Ѓорге Иванов на Конгресот на религии во Казахстан

Во периодот од 15-18 септември, поранешниот претседател на Република Македонија (2009–2019), Ѓорге Иванов, учествуваше на Осмиот Конгрес на лидерите на…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонците во Грција се најзагрозено малцинство во Европа

Грчките власти и понатаму ја негираат самата егзистенција на Македонците во земјата а македонската заедница во Грција е една од…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните да пријават дека не можат да искористат закажан лекарски преглед во Мој термин за да се намалат листите на чекање

Се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти, изјави денеска заменик…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?