Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до Нова година очекува потпишување договор за гасниот интерконектор со Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски до Нова година очекува потпишување договор за гасниот интерконектор со Грција
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски до Нова година очекува потпишување договор за гасниот интерконектор со Грција

Објавено November 6, 2024 15:41
Сподели
Сподели

Премиерот смета дека до крајот на годината ќе биде завршена и првата секција од пругата Куманово – Бељаковце од Корисоеорт 8. Кај Бељаковце – Крива Паланка, истакна, ќе има доцнење и ќе треба да се види што ќе се прави со изведувачите, но добро е што конечно има желба кај источниот сосед да се заврши заедничкиот тунел, поврзувањето со националната пруга на Бугарија, со што, дополни, ќе стенеме и патен, транспротен и железнички коридор.

До 20 ноември завршува тендерирањето за гасниот интерконектор со Грција. Очекувам до Нова година да се потпише договор и тој интерконектор да се заврши и веќе да работиме на северниот интерконектор со Србија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по средбата во МАСИТ, Мицкоски истакна дека може да се очекува офанзива и во однос на патната инфраструктура. До крајот на годината, најави, ќе биде готов експресниот пат што ги поврзува Чатал и Страцин, Крива Паланка, кој е дел од Коридорот 8 и почнува проектирањето за делницата Куманово – Чатал.

Премиерот смета дека до крајот на годината ќе биде завршена и првата секција од пругата Куманово – Бељаковце од Корисоеорт 8. Кај Бељаковце – Крива Паланка, истакна, ќе има доцнење и ќе треба да се види што ќе се прави со изведувачите, но добро е што конечно има желба кај источниот сосед да се заврши заедничкиот тунел, поврзувањето со националната пруга на Бугарија, со што, дополни, ќе стенеме и патен, транспротен и железнички коридор.

Се работи, напомена, на сите страни, а почна и реализацијата на проектите преку општините каде има преку 2,1 – 2,2 милијарди денари за патна инфраструктура – булевари, улици,…

-Затекнавме летаргична, целосна недисциплина во делот на капиталните инвестиции кај патната инфраструктура. Но, се работи секојдневно, и во доцните ноќни часови. Имаме амбициозна агенда. Делот од Коридорот 8 што ги поврзува Кичево и Охрид по седумгодишна летаргија и страгнирање, не само што е откочен, туку се асфалтирани и 12-на километри од едната страна на коловозот. Очекувам до почетокот на новата туристичка сезона делот од Арбиново до Охрид да биде пуштен, со исклучок на неколку километри во селото Ботун зашто таму има свлечиште кое трееба да биде санирано. Исто така очекувам до крајот на 2026 година, како што ветивме, целосно да се поврземе од Кичево до Охрид. Почнаа теренските активности и избравме да работиме, а не да водиме политика во делот на Коридорот 8, патно поврзување меѓу Гостивар и Букојчани. Отворен е фронт од 12 – 16 километри, решени се имотно-правни односи, расчистена е трасата и се работи на терен. И на патниот правец од Коридорот 10 што ги поврзува Прилеп и Битола има отворен фронт од 10 километри. Потегот Градско – Фалиш до Нова година ќе биде пуштен, на потегот Дреново – Фалиш има карпа што треба да се отстрани и тука ќе има задоцнување до март- април, но очекувам и тој потег да биде завршен. Имаме задвижување и реализација на капитални проекти кои не биле досега реализирани, подвлече Мицкоски.

Во однос на општините, премиерот очекува до 15 ноември да се потпишат договорите, а со новиот повик во фервуари – март да има уште неколку милијарди инвестиции за патната инфраструктура.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Како преку „Скај“ апликацијата се оддавале тајни на кланот Грчец
Следна Статија Вицегувернерката Митреска на „Ерсте инвесторс брекфаст“: Централните банки ќе продолжат со претпазливо нормализирање на монетарната политика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Славески: Создаден простор да се намалат надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните

Советот на Народната банка донесе одлука за воведување нов модел на надоместици што банките ги плаќат за услугите на Македонскиот…

July 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 kV интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

АД МЕПСО информира дека е раскинат договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV…

December 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Стабилноста на денарот останува цврста определба, банкарскиот систем е стабилен

Стабилноста на денарот нема и не смее да се доведе во прашање. Тоа е одамна затворено прашање“, порача гувернерот на…

June 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Високата доверба на граѓаните во домашните банки се огледа во растот на штедните влогови за 35 отсто

„Од почетокот на пандемијата па досега, депозитите на домаќинствата во македонските банки бележат раст од околу 35% и моментално тие…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?