Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три службени лица од МЗШВ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три службени лица од МЗШВ
ХРОНИКА

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три службени лица од МЗШВ

Објавено November 8, 2024 20:20
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство – Скопје против три службени лица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Првопријавениот, како што се наведува во соопштението од Управата, во својство на службено лице во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Решение несовесно постапувал при вршење на своите овластувања, на начин што во текот на 2021 и 2022 година не изготвил записник за одземање на владението на правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје иако на 07.10.2021 година уредно му била доставена Изјава за раскинување на договорот за закуп на правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје бр. 39-7689/1 од 28.09.2021 година, спротивно на член 37 од Законот за земјоделско земјиште. Дополнително, првопријавениот несовесно постапувал во вршењето на своите овластувања и должности и како службено лице во Подрачна единица при МЗШВ во период од 16.09.2020 година до 15.04.2022 година на начин што не ја доставил Изјавата за еднострано раскинување до надлежните служби на МЗШВ – Гази Баба за истата да биде евидентирана во ФАРМ системот и правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје да биде избришан од Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Со тоа му овозможил на ДЗС Илинден АД Скопје да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година во вкупен износ од 15.052.001,00 денари.

Второпријавената во својство на службено лице во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во период од 15.04.2022 до 24.08.2022 година, како и во период од 16.09.2020 година до 15.04.2022 година, во својство на службено лице во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги повредила законските прописи за совесно постапување при вршење на своите овластувања на начин што во текот на 2021 и 2022 година Изјавата за раскинување на договорот за закуп на правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје не ја доставила до надлежните служби на МЗШВ-Гази Баба за да биде евидентирана во ФАРМ системот и правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје да биде избришан од Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Со тоа му овозможила на ДЗС Илинден АД Скопје да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година во вкупен износ од 15.052.001,00 денари.

Третопријавениот, пак, во својство на функционер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во период од јануари 2022 до ноември 2023 година ги повредил законските прописи за совесно постапување при вршењето на своите овластувања со пропуштање на должен надзор над комисијата за одземање на владение врз основа на престанок на склучени договори за закуп, формирана од страна на министерот, во однос на одземањето на владение на државното земјоделско земјиште на правното лице ДЗС Илинден спротивно на чл.49 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. Оваа одговорност вклучува имплементација и одржување на внатрешни контроли кои се релевантни за процесот на одземање на владение на државно земјоделско земјиште врз основа на донесена Изјава за еднострано раскинување на договорот поради неподмирени обврски за закуп, во согласност со одредбите од релевантната законска и подзаконска регулатива, стратешките документи и воспоставени политики. Третопријавениот иако бил задолжен да организира и обезбедува законито и ефикасно вршење на работите и задачите, со пропуштање на должен надзор несовесно постапувал во вршење на своите овластувања, односно не преземал дејствија за утврдување на фактичката состојба во однос на одземање на владението на ДЗС Илинден АД Скопје. Со тоа му овозможил на ДЗС Илинден АД Скопје да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година во вкупен износ од 15.052.001,00 денари – се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Опериран таткото на Новак Ѓоковиќ
Следна Статија (ФОТО) Маск сака да направи Тесла лимузина за Трамп: „Се разбира отпорна на куршуми“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пронајден е телефонот на исчезнатото момче, семејството бара помош од институциите!

Веќе три дена се трага по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, кој на 30-ти јануари околу осум часот наутро, откако…

February 1, 2025
ХРОНИКА

Приведени двајца пијани возачи, едниот имал 3,34 промили во крвта

Денеска полициски службеници ги уапсија Х.К.(22) и А.М.(35) поради сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување со моторно возило“, а…

April 6, 2025
ХРОНИКА

Како директор и обезбедување дрпнаа 80.000 евра од Плаошник

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на…

October 30, 2024
ХРОНИКА

Кривична пријава поради измама со ортопедски помагала, Фондот оштетен за 8,7 милиони денари

Управата за финансиска полиција, до Обвинителството поднесе кривична пријава против И.Т во својство на управител на правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ…

January 24, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?