Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На Зајкова и спремаат „пуч“, иницијативен одбор за промени во ЛДП на состанок ќе бара вонредно собрание
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > На Зајкова и спремаат „пуч“, иницијативен одбор за промени во ЛДП на состанок ќе бара вонредно собрание
ПОЛИТИКА

На Зајкова и спремаат „пуч“, иницијативен одбор за промени во ЛДП на состанок ќе бара вонредно собрание

Објавено November 10, 2024 09:40
Сподели
Сподели

Денес во 12 часот, во големата сала на Општина Кисела вода ќе се состанат 2/3 од општинските организации на ЛДП и ќе формираат иницијативен одбор за свикување вонредно собрание на ЛДП за промена на раководството поради нивната непринципиелна пазарџиска политика и недемократско водење на партијата, пишува во дописот до медиумите испратен од иницијативниот одбор за промени во ЛДП.

– Тие ги повредија основните демократски постулати на работа. Во недела ќе ги претставиме нашите позиции и ставови. Неодамнешните случувања јасно укажаа на тешката криза и поделбата во партијата која неминовно може да се разреши само со свикување вонреден конгрес и смена на актуелното раководство во ЛДП. Од името на општинските организации на прес конференција ќе се обрати Бобан Бојковски од општинската организација Куманово, се вели во соопштението.

Претходно, исто така во соопштение до медиумите, иницијативниот одбор информираше дека општинскиот одбор на партијата во Куманово се приклучува кон иницијативата за промена.

– Општинската организација на ЛДП Куманово на седницата одржана на 8 ноември со огромно мнозинство одлучи да се приклучи на Иницијативата за одржување на вонреден Конгрес на партијата.

Општинскиот одбор со 19 гласови ЗА, 2 против и 1 воздржан одлучи да се обедини околу иницијативата за реформи во партијата и задржување на либералните вредности и принципи, а против пазарџиската политика на актуелното раководство.

Сметаме дека Конгресот на партијата е единствено надлежен орган кој има право да ги трасира правците на идно делување на партијата, а не поединци од раководството и од нив заробени органи кои поради лични интереси и нереализирани цели прават обид на сила да ја втурнува партијата во непринципиелни коалиции, спротивно на последните конгресни одлуки на партијата, стои во известувањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шпанскиот крал во вторник се враќа во Валенсија, на местото каде беше нападнат со кал и навредуван
Следна Статија Дозволена четиридневна работна недела во Велика Британија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мемов: Дивоградби пред општина Центар – градоначалникот Герасимовски молчи

На денешната прес конференција Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија посочи дека буквално пред кабинетот на градоначалникот, на само 30…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

Нико Чонески: Бројките се немилосрдни за Томе и неговото владеење во Крушево, за два мандати реализирал 3 пати помалку од неговите претходници (ВИДЕО)

Томе Христоски како градоначалник на Крушево реализирал капитални инвестиции во вредност од 3 милиони евра за 8 годишен мандат, а…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Шилегов: Филипче сам треба да си поднесе оставка поради катастрофалниот рејтинг

Не можеме ние претседателот Филипче да го принудиме да поднесе оставка. Ама ако ги имате овие резултати, ако ги имате…

April 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?