Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Сè додека сум премиер проблемите ќе се решаваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Сè додека сум премиер проблемите ќе се решаваат
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сè додека сум премиер проблемите ќе се решаваат

Објавено November 11, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Се трудиме во овие пет месеци да го консолидираме сето она кое што повеќе од три децении е уништувано, а е во државна сопственост. Не секогаш државата има алатки за да може тоа да го реши, но онаму каде што може бидете сигурни дека тоа ќе го направиме. Сè додека сум јас премиер проблемите ќе се решаваат, порача денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Свесен сум дека за се она што се уништило овие три децении немаме магично стапче, ниту, пак, некогаш сум ветил дека имам магично стапче. Чуда се невозможни, ниту јас сум чудотворец, кога тоа би го зборел би лажел. Но, исто така би Ви кажал дека се што можам ќе направам, дел од овие работи што се уништени во овие три децении да ги коригираме, ќе ги коригираме и веќе ги коригираме, рече Мицкоски во одговор на прашање при денешната посета на Тутунскиот комбинат Прилеп.

Дел од тие објекти, како што кажа, се поврзани со многу испреплетени административни предизвици и ќе треба време да се решаваат нерешени имотно правни и должничко-доверителски односи.

Меѓу нив, мој личен приоритет е Еурокомпозити. Лично работам и лично барам потенцијален инвеститор којшто би можел да ги иссервисира обврските кон поранешните вработени, да вложи и да почне производство на нешто кое што можеби на државата годишно ќе и носи од 250 до 300 милиони евра приходи. Лично е тоа мој приоритет и лично работам на тој проект. Се надевам наскоро дека ќе имаме добри вести. Проблемот е што ниту една банкарска институција не дава кредит за наменска индустрија, а денеска компаниите се борат да опстојат и затоа им е потребна банкарска поддршка. За жал, голем дел од банките денеска не сакаат да поддржуваат наменска индустрија, па ќе видиме, рече Мицкоски.

Во врска со кредитот за компаниите од унгарскиот заем истакна дека и дал насока на министерката за финансии викендов во недела во 12 часот во Министерството за финансии да организира состанок со банкарската асоцијација на кој ќе присуствува и тој.

Ќе им кажам уште некои работи на состанокот, а дотогаш имаме уште неколку консултации. Суштината е дека ние кога го земавме кредитот заедно со банките работевме на случајот тие да не бараат дополнителни трошоци. Мислевме дека треба заеднички да го споделиме како ризик, бидејќи секогаш кога ќе ме прашаат како да помогнеме – еве како, еве начин како, вака се помага. Со муабети и тапкање по рамо не се помага. Ајде заедно со државата да го споделиме и овој ризик. Мислевме дека и тие треба да бидат општествено одговорни, бидејќи како влада ниту имаме братучеди, ниту имаме браќа коишто водат бизниси па да бараме меки кредитни линии од банкарите, ние ништо не бараме. Еве петти месец сме влада бараме за граѓаните затоа што на крајот на денот кога ќе ја помагате македонската економија вие ги помагате граѓаните. Ова е начинот да си помогнеме сите заедно, потенцира Мицкоски.

Сепак, додаде, и досега кога државата давала вакви меки кредитни линии секогаш безусловно ја прифаќала каматата и за тоа вкупно се потрошени околу 650 милиони евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Во изминативе месеци обвинители се жалат на стомачни проблеми и температура кога треба да се преземе акција против криминалци
Следна Статија Потсетување до младите истражувачи: Крајниот рок за пријавување трудови за Годишната награда на Народната банка е 1 февруари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Активни четири пожари: Гори во Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес

Состојба со пожарите на 05.07.2025 до 13.00 часот На територијата на државата се евидентирани вкупно 8 пожари на отворен простор,…

July 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фирми на Заеви и Ахмети вмешани во скандалот со пари од Фондот за иновации?

Интернет потралот ПлусИнфо ги објави дел од имињата на фирмите за кои вчера директорот на Фондот за иновации и технолошки…

October 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ана Дангова Хуг е новиот кандидат за судија во Стразбур

Комисијата за избор на кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денеска одржа седница, по добиеното мислење…

May 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Татјана Димитровска во судница кажа дека не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска пред судот рече дека ја разбира содржината…

April 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?