Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Создадовме 80.000 квадрати паркови, Мицкоски има реална заложба и конкретен план за намалување на загадувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски: Создадовме 80.000 квадрати паркови, Мицкоски има реална заложба и конкретен план за намалување на загадувањето
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Создадовме 80.000 квадрати паркови, Мицкоски има реална заложба и конкретен план за намалување на загадувањето

Објавено November 13, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на емисијата „За или против“ на ТВ Алфа, истакна дека загадувањето на воздухот е децениски проблем и ја поздрави заложбата на Владата предводена од Христијан Мицкоски за системско решавање на овој проблем.

-Премиерот Мицкоски има реална заложба и конкретен план за намалување на загадувањето. Никогаш тој ниту јас или било кој друг од ВМРО-ДПМНЕ не ветиле решавање на проблемот преку ноќ. За оваа проблематика потребен е пристап од Владата, општините, Градот Скопје, сите инспекциски служби, како и од сите граѓани и академската фела. Потребно е дејствување од сите субјекти и во таа насока ние во општина Кисела Вода за 3 години имаме засадено илјадници дрва и создадено околу 80.000 метри квадратни парковски содржини, изјави Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека се преземени и серија на други мерки како набавка на прочистувачи во сите училници, набавка на мерни станици, како и 5 прочистувачи на отворено.

Градоначалникот Ѓорѓиевски додаде дека се небулозни обвинувањата од опозициската СДСМ за загадувањето поради тоа што во изминатите 7 години кога имаа апсолутна власт, не преземаа ниту еден чекор за решавање на оваа проблематика, нагласувајќи дека сега повторно се служат со манупулации на оваа сензитивна тема за сите скопјани и воопшто за сите граѓани на Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски: Македонија како полноправна членка на НАТО носи бројни придобивки за безбедноста и економијата
Следна Статија Украина: Русите се преоблекоа во нашите униформи и тргнаа во напад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерство за култура и туризам: Исплата на платите е во тек и ќе заврши денеска

Министерството за култура и туризам денеска соопшти дека исплатата на платите за вработените во институциите од областа на културата во…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мала група од АНБ работела на обработката на активностите на Мицкоски, Николоски, Спасовски, Русковска…

Група од десетина вработени на чело со Виктор Димовски, поранешен директор на АНБ и Јовче Ременски, поранешен висок раководител во…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

По 7 години запуштеност: „Македонско село“ повторно ќе заживее

Комплексот „Македонско село“ повторно ќе стане центар на културата, автентичната архитектура и македонска традиција, наскоро ќе се врати на туристичката…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Битиќи во анкетен лист не го пријавил накитот кој го украле крадците од неговиот дом

Поранешниот потпретседател на СДСМ и вицепремиер, Фатмир Битиќи бил ограбен за време на велигденските празници и притоа крадците го украле…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?