Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зошто Македонија треба да биде енергетски независна?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Зошто Македонија треба да биде енергетски независна?
ЕКОНОМИЈА

Зошто Македонија треба да биде енергетски независна?

Објавено November 15, 2024 15:11
Сподели
Сподели

Енергетската независност станува приоритет за многу земји, а за Македонија, која се соочува со предизвици во снабдувањето со енергија и зголемените увозни цени, оваа цел има стратешко значење. Енергетскиот сектор земјава во моментов е зависен од увоз, особено на фосилни горива и гас. Во изминатите години Македонија увезуваше значителен дел од електричната енергија, што доведе до финансиски оптоварувања и изложеност на надворешни економски ризици, особено за време на глобални енергетски кризи.

Експертите се согласни дека за да постигне енергетска независност, Македонија мора да спроведе неколку клучни мерки. Покрај модернизација и диверзификација на енергетските капацитети и поврзувањето со соседните земји и енергетските пазари на ЕУ, посебноместо зазема потребата од инвестирање во обновливи извори на енергија. Со зголемените барања за енергетска безбедност, инвестициите во обновливи извори на енергија може да донесат стабилност, самоодржливост и намалување на зависноста од странски извори.

Македонија има значителен потенцијал за развој на обновливи извори на енергија. Студиите покажуваат дека Македонија може да задоволи до 70% од потребите за електрична енергија, особено во секторите на соларна енергија, ветер, хидроенергија и биомаса. Со над 280 сончеви денови годишно, земјата е исклучително погодна за развој на соларни централи. Просечното годишно зрачење во земјата надминува 1500 kWh/m², што обезбедува стабилен и долготраен извор на енергија. Соларните паркови во сончевите региони, како што се јужниот и југозападниот дел на земјата, можат да придонесат за значително намалување на зависноста од увезената енергија и да и овозможат на земјата да обезбеди чист и одржлив извор на електрична енергија.Земјата има и бројни ветровити локации, особено во планинските и ридските предели, како што е регионот на границата со Грција и во близина на Вардарската долина. Тука е секако и хидропотенцијалот кој веќе веќе се користи како дел од енергетската мрежа, но има простор за понатамошен развој, а секако не треба да се заборават и дарежливите резерви на биомаса, особено од земјоделски отпад, што може да се користи за производство на енергија. Користењето на биомаса може да придонесе не само за енергетска ефикасност, туку и за намалување на отпадот и управување со животната средина.

Според министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, обновливите извори на енергија не се само начин за намалување на зависноста од увоз, туку и можност за отворање нови работни места и обезбедување пониски цени на енергијата за потрошувачите на долг рок.

„За Македонија, енергетската независност не е само цел, туку и неопходност во време на економски и климатски предизвици. Со инвестиции во обновливи извори, модернизација на капацитетите и стратешки партнерства, можеме да постигнеме стабилност во снабдувањето со енергија, намалување на трошоците и одржливост на животната средина. Нашата земја има исклучителни климатски и географски услови за развој на овие капацитети и затоа ќе продолжиме да ги користиме со цел обезбедување поодржлива иднина за нашите граѓани“, вели Божиновска

Македонија последниве години почна да привлекува интерес на странски инвеститори во секторот на обновливите извори на енергија. Проектите како соларниот парк на француската компанија „Акуо Енерџи“ се многу важен чекор кон енергетската независност и се добар пример за тоа како странските инвестиции можат да помогнат да се искористи потенцијалот. Сончевиот парк кој ќе биде со капацитет 400 мегавати и со годишно производство од околу 650 гигават-часови електрична енергија ќе може да обезбеди значителен процент од потребите за електрична енергија на земјата. Исто така, со поддршка на ЕУ и други меѓународни партнери, овој проект може да придонесе за понатамошен развој на енергетската инфраструктура и да ја направи Македонија лидер во регионот во областа на зелената енергија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Реториката која доаѓа од ДУИ ќе биде уште пожестока, но не треба да ѝ се дава значење
Следна Статија Филмските работници до Љутков: Предложениот буџет за филм не е доволен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Петрова: УЈП наместо моќник над даночните обврзници, рамноправен учесник во даночниот систем

За даночните обврзници она што сакаме да го постигнеме е прво, едноставни и брзи процеси за пресметување и плаќање на…

February 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Инвестиравме 5 милиони евра оваа година за Велес

Велес инфраструктурно го подобривме, реконструиравме неколку улици низ градот, влезовите целосно ги реконструиравме а за следната година планираме нови проекти,…

November 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска ќе точиме поевтини горива

Минимално поевтинуваат сите горива од вечерва на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95 поевтинува за 0,5 денари и…

June 2, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?