Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Мерко за две школи во Драслајца и Подгорци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Мерко за две школи во Драслајца и Подгорци
МАКЕДОНИЈА

Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Мерко за две школи во Драслајца и Подгорци

Објавено November 16, 2024 12:20
Сподели
Сподели

За две основни училишта во Струга одземени се ингеренциите на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, велат од Министерството за образование и наука (МОН).

„Одземени се ингеренциите на Мерко на училиштата ‘Св. Климент Охридски’ во Драслајца и ‘Гоце Делчев’ во Подгорци, по основ на нереализирани обврски кои произлегуваат од закон – ненавремено објавување огласи за избор на директори и именување на директори кои не ги исполнуваат условите за вршење на должноста. Во двете училишта поставени се нови в. д. директори“, велат од МОН за САКАМДАКАЖАМ.МК..

На нашето прашање дали има процедура за одземање на ингеренциите на други школи, оттаму велат дека надзори се спроведуваат во повеќе училишта, но постапките се во тек.

Во Основниот суд во Струга се водат две судски постапки против струшкиот градоначалник, за незаконско поставување на директори во основни училишта. Едната постапка е за трите предмети кои се споени, за Подгорци, Лабуништа и Основното училиште (ОУ) „Браќа Миладиновци“ во Струга, а другата за училиштето во Велешта каде има повеќе обвинети кои се товарат за „Несовесно работење во службата“, а дел од нив се гонат и за кривичното дело „Фалсификување исправи“.

Основното јавно обвинителство Струга го товари струшкиот градоначалник за несовесно работење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп ги тужи големите медиумски куќи поради политичка пристрасност и клевета, бара 10 милијарди долари отштета
Следна Статија Исплатени над 70 милиони денари за земјоделците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

По седум години, денеска се отвори етно-комплексот „Македонско село“

За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полу уништен објект се става во функција, тоа…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Е-дневникот не дозволува веќе бришење и поправење на оценки

Бришење и поправење на оценки веќе нема, од страна на наставниците, како и директорите на училиштата да интервенираат во графите…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

155.000 гледачи го следеа отчетот на Мицкоски за една година Влада:Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа!

Над 155.000 граѓани го следеа на Фејсбук отчетот на премиерот Христијан Мицкоски по повод една година од формирањето на Владата.…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не се сретнав со Груевски во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за време на престојот во Будимпешта, каде се одржа меѓувладина седница, изјави дека не…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?