Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение

Објавено November 16, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Не знам дали е можно да се направи некаков исчекор, во евроинтеграциите до крајот на годината, но знам дека ќе сториме се што е во наша моќ да се обидеме нашето прашање да го претставиме онака како што е, пред сите светски авторитети. Уставни измени сигурно не планираме, вели премиерот Христијан Мицкоски.

-Тоа сигурно не се планира. Не знам дали е можно да се направи некаков исчекор, но знам дека ќе сториме се што е во наша моќ да се обидеме нашето прашање да го претставиме онака како што е, пред сите светски авторитети. И тоа го направивме во изминатиот период. Дали ќе има некаков напредок – не знам, дали ќе има промена на нашата позиција – нема да има. Затоа што нашата позиција се темели на принципи и аргументи и тоа сме го кажале барем досега стотина пати. Доколку има волја има и начин. Тоа не зависи само од нас. За танцување треба двајца, некогаш можеби и повеќе, но во случајов треба да имаме некој соговорник кој што ќе сака да разговара. Ние сме подготвени, секаде ја претставуваме нашата позиција и ќе продолжиме да ја претставуваме и спротивни аргументи не сме слушнале на нашите аргументи. Веќе нема аргумент -тоа е тоа, земете или оставете, тоа веќе не е, сега имаме поинаква позиција. Сега позицијата е дајте да најдеме решение. Дали ќе постигнеме напредок за месец – два, шест месеци не знам, дали ќе дадеме се од себе- ќе дадеме, рече Мицкоски на новинарско прашање колку се реални очекувањата за некакво придвижување на евроинтеграциите до крајот на годината, поради актуелните случувања во Бугарија со неуспехот за избор на претседател на Парламентот или се планираат уставните измени.

Тој најави дека во декември два пати ќе престојува во Брисел, каде ќе може повторно да разговара за нашето прашање поврзано со деблокада на евроинтеграциите.

-На почетоткот од декември ќе има билатерален тет а тет разговор со Кошта, по што ќе учествува со него на вечера со другите лидери од Западен Балкан. На крајот на декември има самит ЕУ – Западен Балкан на кој ќе присуствуваат канцеларот Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и други авторитети од ЕУ. И ќе се бориме, нема да седиме со скрстени раце или со бело знаме да мавтаме, како што беше до сега. Ќе се бориме и битно е да победуваме, и мислам дека од поразите што ги нижевме изминативе седум годии постепено полека излегуваме од таа летаргија и почнуваме да победуваме, малку ситно, но победуваме, тоа е нашиот план, таа е нашата агенда, рече Мицкоски по присуството на поставување камен темелник за надградба на ООУ Ацо Шопов во населба Радишани, Општина Бутел..

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Започна надоградба на ООУ „Ацо Шопов“ со што се овозможуваат пристојни услови за школување
Следна Статија Полицијата фати насилен малолетник, со нож повредил две деца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филков: Нема веќе „не знаев“ и „немав ингеренции“, Законот за Судскиот совет е во завршна фаза

Законот за Судскиот совет е во завршна фаза и очекувам да биде усвоен до крајот на месецот, како што и…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Седум пациенти се враќаат во Македонија: По пожарот во Кочани 48 лица се лекуваат во странство, седум во земјава

Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се запалија три автомобили во Аеродром

Три возила се запалени рано утринава на улица Венјамин Мачуковски во Скопје. Нема повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи. Прво…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДИК ги одби сите 57 приговори поднесени за првиот круг од локалните избори

Државната изборна комисија вчера ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?