Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје
МАКЕДОНИЈА

Филипче: СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

Објавено November 20, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Состојбата во град Скопје е алармантна. Градските улици се гушат во смет, градскиот превоз не функционира, а градот е оставен без основните услуги што ги заслужуваат граѓаните. Градот реално се наоѓа во криза и побарав од советничката група на СДСМ да иницира итна седница на Советот на Град Скопје, најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

-Ги повикувам сите советници, без разлика на партиската припадност, да застанат зад ова барање и да се одржи оваа седница во најкус рок. На седницата ќе предложиме конкретни мерки кои верувам дека заеднички ќе ги поддржат сите советници и конечно да им се излезе во пресрет на граѓаните. Потребно е обединување заради интересите на скопјани, вели Филипче.

Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот, бидејќи нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град, предупредува Филипче.

-Искрено се надевам дека ќе наидеме на разбирање кај останатите партии и советници. Скопје не заслужува ваква негрижа и хаос. Со оваа иницијатива, СДСМ јасно покажува дека стои на страната на граѓаните, кои секојдневно се соочуваат со последиците од неработењето на градската администрација, наведува претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема нафта, нема автобуси – градскиот превоз го достигна дното
Следна Статија Двајца скопјани полеале кафеана со бензин, па ја запалиле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Реконструкција на Владата во мај или јуни, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и…

March 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за Димитровска: Оддавала службени тајни преку Вибер, а испити ѝ полагал ревизор од ДЗР

Покренато е обвинение против претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, која се гони за оддавање на…

July 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна

Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: На талибански начин се избришани македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП

Oна што го најавуваат бугарските медиуми доби потврда. Премиерот Мицкоски денеска рече дека на талибански начин се избришани македонскиот јазик…

July 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?