Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Денот на aлбанската азбука е историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Денот на aлбанската азбука е историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Денот на aлбанската азбука е историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава

Објавено November 22, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Унифицирањето на албанската азбука не е само акт на јазична реформа, туку и симбол на стремежот за еманципација и просветување, пишува претседателката Гордана Сиљановска Давкова во честитката по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука.

-Дваесет и втори ноември е историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава. Пред 116 години во Битола е унифицирана албанската азбука, чин којшто ја зацврстил јазичната самосвест на албанскиот народ и создал темел за понатамошен културен и цивилизациски прогрес, посочува претседателката.

Јазикот, како што истакнува Сиљановска Давкова, создава простор за разбирање, за соработка и за обединување околу идентитетските вредности. Преку него, различностите стануваат богатство, а иднината – можност за индивидуален и колективен раст.

Албанскиот јазик и култура се вградени во нашето социјално ткиво и отвораат простор за меѓусебно разбирање и соживот. Почитувањето на јазичните разлики нѐ прави демократско мултикултурно општество. Бевме и остануваме пример на посветеност кон зачувување и унапредување на етничката, јазичната, културната и верската разноликост, овозможувајќи образование на мајчиниот јазик во сите степени, како и слободно и достоинствено изразување на колективната меморија и духовност, посочува во честитката претседателката на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мајката на починатата Анѓела во Нови Сад: Доживотна затворска казна не е доволна за 15 човечки животи
Следна Статија Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Семејството на Фросина против злоупотребите на трагедијата од страна на Хелсиншкиот комитет

НЕ ЈА ИНСТРУМЕНТАЛИЗИРАЈТЕ СМРТТА НА ФРОСИНА, порачува семејството на девојката која почина откако ја удри автомобил на „Партизанска“. Тие го…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Во овие моменти, кога Кочани и цела Македонија сè уште ја чувствуваат болката од трагедијата што ја потресе нашата држава,…

June 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска пред почетокот на 76. седница го информираше Собранието дека државниот обвинител Љупчо Коцевски до…

December 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје најзагаден град во Европа и седми во светот

Со индекс на загадување од 155 (Unhealthy), Скопје моментално се наоѓа на 7. место на листите со најзагаден воздух, рамо…

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?