Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно
МАКЕДОНИЈА

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

Објавено November 22, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Автобускиот сообраќај во Скопје денеска е нормализиран, потврди за МИА директорот на ЈСП „Скопје“, Драги Кушовски. Тој вели дека количините на нафта не се испорачани целосно, но испораката сега за сега е доволна.

Нормализиран е јавниот превоз денеска. Сите линии сообраќаат, исто како и претходно, односно исто како пред да се појави проблемот со недостиг на горивото. Сите автобуси кои се во возна состојба редовно сообраќаат, рече Кушовски.

Прашан дали се испорачани сите количини на нафта, тој одговори дека не се испорачани целосно количините, туку се испорачуваат сукцесивно. Сепак, напомена, испораката сега за сега е доволна.

Јавниот превоз во Скопје изминатите два дена беше редуциран поради недостиг на нафта, односно беа пуштени околу триесетина автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие од кои 25 се на природен гас и уште неколку кои имаа резерви на нафта. Владата вчера на итна седница одлучи да прогласи кризна состојба и да му даде нафта за следните седум дена од државните резерви.

Кушовски синоќа за МИА потврди дека нафтата пристигнува во базните станици на претпријатието во Автокоманда и Ѓорче Петров и оти во текот на ноќта резервоарите на автобусите ќе бидат наполнети.

За денеска во 14:00/14:30 часот се најавени јавни протести поради состојбата со превозот во градот. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, ги повика сите жители на протест, а со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ кои ќе се приклучат на протестот што ќе се одржи пред бараките на Град Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните не ги очекува финансиски шок од новата цена на струјата, тврди Коњановски
Следна Статија Аморим ги плаши играчите на Манчестер Јунајтед: Ако не се трудите, ќе ве пратам во Бугарија!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бонусите на СЈО се враќаат во Обвинителството за организиран криминал – Цветановски не потклекна на притисоците

Предметот за бонусите е вратен во Обвинителството за организиран кримининал, потврди за „Република“ Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство, Јове…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јавниот обвинител Коцевски поднесе оставка

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, иако по неговата интерпелација тој одби да се повлече, денеска ја достави својата оставка до Собранието…

December 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Интервјуирањето на кандидати за судија во Стразбур ќе се спроведе пред независни набљудувачи

Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, во…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?