Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Администрацијата протестира: Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Администрацијата протестира: Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари
МАКЕДОНИЈА

Администрацијата протестира: Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари

Објавено January 14, 2025 15:40
Сподели
Сподели

Почнувајќи од 14 јануари вработените во министерствата за екологија, земјоделство, за дигитална трансформација, правда, култура, економија и труд, транспорт, Државниот завод за статистика и Архивот почнуваат со протести. Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, посочи дека ги избрале овој датум, бидејќи се совпаѓа со закажаната седница на Владата, на која апелираат да се дискутира за додатот на плата од 30 отсто и конечно да се реши овој долгогодишен проблем.

Иако предлог-колективните договори беа доставени до Министерството за финансии пред носењето на државниот буџет за 2025 година, од за нас неразбирливи причини Министерството за финансии не одобри средства за потпишување колективни договори. Висината на платите на вработените во институциите што денес протестираат почнува од 25.010 денари. Просечната плата во овие институции изнесува приближно 29.000 денари, а просечната плата во државата е 42.124 денари. Додатокот што го бараме од 30 % значи дека вработените би добиле 6.000 денари, износ што би бил зголемен на нивната плата, но и покрај тоа, сите вработени ќе бидат под просекот на државата. Ова наше барање е старо повеќе од четири години. За овој додаток на плата сме протестирале и сме штрајкувале со години, но, за жал, ниедна влада досега не го слушна нашиот глас“, рече Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ).

Синдикатот УПОЗ е на став дека вработените во министерствата кои почнаа со протест се дискриминирани во однос на нивните колеги од Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, Министерството за здравство, образование, финансии кои ги добија 30 те отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се појави Ден Дончев, ама само на „Фејсбук“, навива за Ѓоковиќ на Австралија опен
Следна Статија Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, денеска имаме комплетно завршен пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Момче се капе во фонтана кај Градски парк (ВИДЕО)

Инстаграм профилот „Патриотско друштво“ сподели видео на кое се гледа како момче се разладува или се капе во фонтаната кај…

August 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството побрза да реагира по „анонимна“ кривична пријава за Христовски, не ја ни дочека ДКСК

Обвинителството потврди дека примиле „анонимна“ кривична пријава со наводи дека Бојан Христовски, директорот на АНБ, приложил исправа со невистинита содржина,…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кој е Артан Ајрули и фирмите преку чии тендери се крадело од Лотарија

Управата за финансиска полиција вчера поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против неколку лица и правни субјекти за…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

Уставниот суд соопшти дека е формиран предметот УЗ. 44/2025 во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?