Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агелер за Владата на премиерот Мицкоски: Тие постигнаа значителен напредок!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Агелер за Владата на премиерот Мицкоски: Тие постигнаа значителен напредок!
МАКЕДОНИЈА

Агелер за Владата на премиерот Мицкоски: Тие постигнаа значителен напредок!

Објавено December 16, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Тие наследија многу, многу предизвици. Дури мислам дека и претходната влада би се согласила дека проблемите се огромни и има уште многу да се направи. Шест месеци не е многу време за нова влада, искрено кажано. Но, ќе забележам дека врз основа на моите директни разговори со овој премиер и со многу негови министри, за некои од прашањата што ги споменавте, енергијата, енергетската диверзификација, трговијата, инфраструктурата, транспортот, регионалните врски, тие постигнаа напредок. Тие постигнаа значителен напредок, вели амбасадорката на САД, Ангела Агелер во интервју за Слободен печат.

-Ќе го земам примерот со проектот „Бехтел и Енка“. Тоа беше нешто за што се зборуваше како добар договор, а сепак практично не беше постигнат напредок. И сега, денес, има реален напредок. Може да видите дека се гради инфраструктурата. Тоа е видливо. А граѓаните можат да погледнат и да видат дека, на пример, патот меѓу Битола и Прилеп почнува да се обликува. Тоа е важно. Договорот за интерконекторот со Грција конечно е постигнат. Знам дека премиерот и неговиот министер за енергетика и другите министри како и министерот за транспорт исто така, водеа многу сериозни разговори и продуктивни разговори за интерконектори со другите соседи, како и за транспортни врски, вклучително и железница. И сето тоа се работи што ќе ја зајакнат трговијата, ќе ја подигнат регионалната трговија со партнерите и со соседите и се составен дел на стратегиската поставеност на оваа земја, особено во должина на коридорите 8 и 10. Ова се работи што ние како НАТО-партнер ги следиме многу, многу внимателно.

Јас сум многу задоволна што гледам дека Владата презема солидни акции за овие прашања. Дали можат да направат повеќе за некои од другите ветувања? Апсолутно. Ние веќе зборувавме за владеење на правото. Има многу работа да се заврши. Знам дека премиерот го препознава тоа, како и многу други негови министри, но има многу да се направи. И знам дека гласачите многу внимателно гледаат што прават.

Така што, мислам дека во областите каде што можеа да постигнат некои реални успеси за некои од овие прашања, тие го направија тоа. Но, има многу работа да се заврши. Образованието е уште една област каде што има огромен предизвик. Здравството е многу проблематичен сектор. А знам и од двајцата министри со кои имам чести контакти, за здравство и за образование, дека тие ги препознаваат предизвиците. Ова е од клучно значење за зајакнување на земјата и на граѓаните и создавање средина каде што луѓето нема да се чувствуваат дека се на удар. Значи, има уште многу предизвици.

Да, но кога зборуваме за здравството и за образованието, се чини дека сѐ се одвива многу бавно, дека се префрлаат од една на друга страна, потоа друга реформа, па други планови. Значи, тоа е многу, многу бавно.

– Вие знаете дека кога имате систем што е толку оштетен, тоа не е нешто што може да се поправи за шест месеци. И ова е проблем што се зголемуваше во многу претходни администрации. Тоа искрено постоеше во некои форми во последните неколку децении. Како што јас го разбирам тоа, за да навистина се покажат реформи во овие области, ќе треба да има големи, структурни промени. И искрено, огромна инвестиција во овие два сектора. Знам дека финансиски, Владата мака мачи со буџетот. А ова не се работи за кои можеме да видиме брзи „поправки“. Но, тие се многу свесни, бидејќи нивните гласачи им кажуваат, дека тоа се проблеми што треба да се решат.

Кога велите оштетен систем, тој не бил оштетен за време на последната влада, да речеме.

– „Мислам дека беше.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не бев изненадена, бев задоволна – Агелер за ставањето на Груби на „црната листа“ на САД
Следна Статија Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Началници и инспектори допринеле за ужасната трагедија преку изготвување на незаконски документи

Денешната отворена постапка против седум полициски службеници е дека помогнале дискотеката „Пулс“ да добие активна лиценца, а немала исполнета основни…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со одредбите од Законот за одбрана, со укази изврши поставување на старешини на формациски места…

March 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Деребан: Одлуката на Влада за разрешување на Коцевски е одличен потег и е еден од чекорите за тоа како да се бориме против криминалот и корупцијата

На синоќешното гостување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, заменик министерот за правда, Ален Деребан се осврна на минатото и кажа дека…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Давкова ги свика членовите на Комисијата за помилување на итен состанок

Комисијата за помилување составена од шест членови попладнево се состанува со претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во „Вила Водно“. Оваа…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?