Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Албанија гради „Поградец Марина“- мега проект со платформи, пешачки патеки, тобогани во Охридското езеро: Дали ќе се доведе УНЕСКО статусот во прашање?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Албанија гради „Поградец Марина“- мега проект со платформи, пешачки патеки, тобогани во Охридското езеро: Дали ќе се доведе УНЕСКО статусот во прашање?
БАЛКАН

Албанија гради „Поградец Марина“- мега проект со платформи, пешачки патеки, тобогани во Охридското езеро: Дали ќе се доведе УНЕСКО статусот во прашање?

Објавено December 28, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Поградец Марина, луксузниот проект кој од корен ќе ја замени досегашната туристичка понуда на овој град – вака медиумите во Албанија го најавуваат најновиот проект за развој на овој крајезерски град во кој во следниот период ќе се инвестираат милиони евра во градба на овој мега проект, пишува порталот Охрид 1.

Комплекс од згради и луксузни хотели со 5 ѕвезди, шеталишта кои фактички се мостови во езерото, простор за забава и се што треба за луксузна туристичка понуда ќе се гради во Поградец.

„Пред неколку дена сопственикот на една од најголемите градежни компании во Албанија „Арлис Констракшн“ на социјалните мрежи го сподели инвестицискиот проект што ќе се реализира кај Поградското Езеро“ – стои во официјалнот соопштение на компанијата инвеститор.
Проектот има неколку згради и пристаниште за закотвување на чамци и јахти пред него што ќе го носи името „Поградец Марина“.

„Среќен сум што можам да го споделам со вас луксузниот проект во центарот на Поградец, проект кој ќе донесе нов ветер во градот“, изјави Арманд Лило.

Пред една година овој приватен простор на Поградец беше продаден од сопствениците за да се отвори пат за оваа инвестиција, првично беше уште еден проект кој беше како реализација во најава , но со интервенција на премиерот Еди Рама направени се потребните процедури и добиени се сите дозволи за реализирање на инвестицијата.

Оваа инвестиција во оваа област, која опфаќа блок хотели и апартмани, ќе биде уште една форма на туризам што наскоро ќе ја има Поградец, со услуга со 5 ѕвезди. Се дознава дека проектот е одобрен во ККТ и се очекува само издавање на градежната дозвола за почеток.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето
Следна Статија Ин мемориам: Почина Ристо Ќорнаков, член на легендарната група „Зијан“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум

Во Хрватска денеска почна еднонеделен бојкот на трговскиот синџир Конзум, откако вчера откако Хрватите незадоволни од цените вчера трет петок…

February 8, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Вака денес изгледа Џони од Врачар

Шпанската полиција објави видео од апсењето на Никола Вушовиќ, попознат како Џони од Врачар. Вушовиќ, водачот на „групата на групата…

October 21, 2024
БАЛКАН

Бројот на жртви од пожарот во Тузла се искачи на 12, утрешниот ден е прогласен за ден на жалост

Уште едно лице почина како последица на пожарот што избувна синоќа во пензионерски дом во Тузла, пренесуваат дел од босанските…

November 5, 2025
БАЛКАН

И Бугарија без гас од Азербејџан

И Бугарија од 7 јануари е без гас од Азербејџан. Како што соопшти во четвртокот бугарската државна гасна компанија Булгаргаз,…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?