Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Албанија ја прогласи за „стратешки инвеститор“ компанијата на Џаред Кушнер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Албанија ја прогласи за „стратешки инвеститор“ компанијата на Џаред Кушнер
БАЛКАН

Албанија ја прогласи за „стратешки инвеститор“ компанијата на Џаред Кушнер

Објавено January 16, 2025 18:34
Сподели
Сподели

Албанските власти ја прогласија за „стратешки инвеститор“ компанијата на познатиот американски бизнисмен и инвеститор, Џаред Кушнер, зет на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој на ненаселен остров во близина на јужниот брег на земјата, ќе гради луксузни одморалишта.

Владиниот комитет за стратешки инвестиции (ЗНД) на крајот на декември го одобри предлогот на фирмата на Џаред Кушнер, Atlantic Incubation Partners LLC, според документот објавен на интернет.

Компанијата планира да инвестира околу 1,4 милијарди евра за изградба на комплекс од вили и хотели на 45 хектари земја на островот Сазан, кој бил воена база во времето на Студената војна.

Неговиот „стратешки“ статус ќе му овозможи на проектот „да има корист од забрзаните процедури и други придобивки“. Потегот дојде откако Трамп треба да ја преземе функцијата в понеделник.

На Балканот, Кушнер минатата година ги објави плановите за инвестирање во недвижен имот во Србија.

Некои критичари ги обвинија Кушнер и неговата сопруга Иванка Трамп дека го користат своето време во Белата куќа за да обезбедат деловни зделки со странство. Албанската влада долго време се обидува да ја зајакне својата економија преку туризмот, што предизвика градежен бум долж големи делови од крајбрежјето на земјата.

Островот Сазан во минатото се користел исклучиво како воена база. Но, декретот потпишан во декември од претседателот Бајрам Бегај го отстрани од списокот на локации за распоредување и обука на вооружените сили на земјата.
Компанијата на Кушнер сега ќе мора да преговара за договор со државната стратешка инвестициска корпорација, додека голем број албански институции, вклучително и неколку министерства, ќе ѝ бидат на располагање за да помогнат во трансферот на сопственоста и да се подготви документацијата.

Албанскиот премиер Еди Рама претходно изјави дека, од островот Сазан, инвестицијата на Кушнер, ќе направи „бисер на туризмот на Медитеранот“. Според него оние кои зборуваат за уништување на заштитени подрачја лажат, бидејќи, како што рече тој, Сазан никогаш не бил заштитено подрачје, освен за војниците на Енвер Хоџа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 17-годишник добил струен удар додека снимал ТикТок врз цистерна во Кисела Вода – вагонот се запалил
Следна Статија (ВИДЕО) Аркан гледа фудбал со Цеца додека на ѕидот виси нејзината слика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Видео) Силни ветрови, грмотевици и град: невреме ја погоди Хрватска

Силно невреме погоди неколку делови од Хрватска во четврток вечерта. Го погоди и регионот на Загреб, за кој Државниот хидрометеоролошки…

June 27, 2025
БАЛКАН

Протестите во Белград „издишаа“, само 36.000 на улиците

Блокадерите во Србија го  започнаа протестот против Вучиќ на најголемиот српски празник Видовден. Проценката на Министерството за внатрешни работи за бројот…

June 28, 2025
БАЛКАН

За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан- ќе остане ли регионот без иднина?

Во изминатите десет години, над 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан во потрага по подобар живот, покажуваат податоците на…

August 12, 2025
БАЛКАН

Дете загина во ски-центар во Словенија

Дете загина денеска на скијачката патека на Соришка планина. Полицијата за несреќата добила пријава околу 9:40 часот. Според досега собраните…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?