Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Секој електронски документ кој е изработен од државен орган може да се користи во печатена форма
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Секој електронски документ кој е изработен од државен орган може да се користи во печатена форма
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Секој електронски документ кој е изработен од државен орган може да се користи во печатена форма

Објавено January 24, 2025 08:57
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на новинарско прашање за „360 степени“ истакна дека законот е јасен и тој гласи дека секој електронски документ кој е изработен од државен орган, може да се користи во неговата печатена форма, исто како и оригинален документ.

“Претпоставуваме дека ќе постои отпор или незнаење кај одредени институции, затоа имаме двоен пристап, едниот со кој што ќе им објасниме на институциите како да ги прифаќаат документите, и второ, подготвуваме упатство за граѓаните како да си ги заштитат своите права, во случај да не можат, да знаат кој е начинот на кој што може да делуваат, дали на лице место или да го контактираат нашето министерство.” изјави Андоновски.

Министерот додаде дека оваа година ќе се направи напор и да се лиценцираат определен број на инспектори, и тие да бидат дел од сектор во рамки на министерството, а доколку има потреба ќе се формира и инспекторат.

“Ќе биде потребно подолго време, што значи во текот на 2025 година ќе направиме напор да што побрзо лиценцираме определен број на инспектори. И тие да функционираат како сектор во рамки на министерството, доколку се појави потреба да нивните обврски се зголемуваат, тогаш ќе размислуваме и за посебен инспекторат, но ќе ги имаат во рамки на Министерство за дигитална трансформација сите надлежности кои што им се утврдени со новата систематизација, која што исто така стапи на сила на 1 Јануари, и веќе започнуваме со обука на кадрите.” заврши министерот Андоновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија има шанси за четвртфинале на СП – еве што треба да се случи
Следна Статија Во Србија денеска генерален штрајк на кој повикаа студентите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Претрес во Општина Кочани, се одзема документација поврзана со дискотеката „Пулс“

Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кој е Артан Ајрули и фирмите преку чии тендери се крадело од Лотарија

Управата за финансиска полиција вчера поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против неколку лица и правни субјекти за…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски е во Берлин, се подготвува писмото со предлози до ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во подготовка е писмо со нови предлози за тоа како да продолжат преговорите со ЕУ.…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Поради маглата се откажаа летови од скопскиот аеродром

Поради густа магла се откажаа летови аеродромот во Скопје. После 16 часот не слета авионот од Анталија, како и од…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?