Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска: Носење проактивни економски политики за поголема отпорност на идните предизвици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска: Носење проактивни економски политики за поголема отпорност на идните предизвици
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Носење проактивни економски политики за поголема отпорност на идните предизвици

Објавено December 7, 2024 11:44
Сподели
Сподели

„Иако успешно поминавме низ голема економска бура, сѐ уште се соочуваме со променливи светски услови, поради што е потребна постојана будност и приспособливост“, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во авторски текст во престижниот српски неделник „НИН“. Во текстот гувернерката ја анализира последната инфлациска криза и одговорот на централните банки, којшто овозможи стабилизација без притоа економиите да западнат во рецесија, или, пак, да има последици за финансиската стабилност. Ангеловска-Бежоска посочува дека со оглед на значителното намалување на инфлацијата, централните банки започнаа со циклусот на олабавување на монетарната политика. Притоа, таа ја нагласува потребата за проактивни економски политики коишто можат брзо и ефективно да се справат со сложените предизвици коишто може повторно да се појават во иднина.

Гувернерката посочува дека и покрај смирувањето на инфлацијата, сепак и понатаму има предизвици поврзани со поголемата инерција кај нејзината базична компонента. Таа наведува дека базичната инфлација во регионот од 5%, иако е преполовена во однос на нејзината највисока вредност во кризата, сепак е поотпорна во однос на вкупната инфлација којашто е намалена за 80%.

„Оваа упорност е во голема мера нагласена со динамиката на растот на платите, којашто во просек изнесува 12% номинално и 8% во реални услови, со што се истакнува можната улога на политиките за платите во одржувањето на овие ценовни притисоци“, посочува гувернерката.

Во однос на останатите политики, таа истакнува дека при минатите кризи фискалниот одговор ги поддржа економиите, но таа поддршка имаше цена, исцрпувајќи го фискалниот простор и зголемувајќи ги дефицитите и јавниот долг.

„Оттука, задржувањето на определбата за фискална консолидација ќе биде од суштинско значење во наредниот период, не само за да се обезбеди фискална одржливост, туку и за да се обезбеди неопходната поддршка за монетарната политика“, посочува Ангеловска-Бежоска.

Во текстот се истакнува дека структурните фактори како што се деглобализацијата, стареењето на населението и климатските промени, заедно со технолошкиот напредок како вештачката интелигенција и натаму ќе влијаат врз потенцијалот за раст. За да се приспособиме кон нив ќе биде потребен проактивен пристап преку структурните реформи, овозможувајќи им на економиите да бидат отпорни на можните нарушувања во снабдувањето и да ги ублажат инфлациските притисоци на подолг рок.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Оваа влада има силна политичка волја да тргне во долга, тешка и болна реформа во јавната администрација, вели Минчев
Следна Статија Притворен маж кој ја давел и со боксови ја удирал поранешната сопруга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар, а цената на дизелот се намалува за половина денар…

March 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азиските акции се подготвуваат да пораснат по американските податоци кои го подобрија расположението

Азиските акции пораснаа по најостриот двудневен пад од април, додека пазарите најдоа стабилност по драматичните осцилации кај златото и среброто.

February 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Најмногу се јадело леб и компир, а се пиеле повеќе сокови отколку вино и кафе

 Домаќинствата минатата година половина од домашниот буџет – 50,8 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо,…

December 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Околу 1.000 фирми се затвориле во првите три месеци во оваа година

Лош старт на годинава за некои бизниси. Иако, во првите три месеци се отвориле над 1.900 фирми, во истиот период…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?