Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска: Потребни се квалитетни инвестиции и зголемување на продуктивноста за подигнување на потенцијалот за раст на економијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска: Потребни се квалитетни инвестиции и зголемување на продуктивноста за подигнување на потенцијалот за раст на економијата
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Потребни се квалитетни инвестиции и зголемување на продуктивноста за подигнување на потенцијалот за раст на економијата

Објавено December 24, 2024 20:47
Сподели
Сподели

Народната банка за наредната година очекува умерено забрзување на растот којшто би се искачил на 3,3%, со позитивен придонес од сите компоненти на растот, меѓу кои и најавениот јавен инвестициски циклус и повисокиот прилив на странските директни инвестиции. Се очекува забрзување на извозот со понатамошно закрепнување на светските услови, како и позитивен придонес на личната потрошувачка при раст на расположливиот доход и очекувања за солидно кредитирање на населението. Сепак, ризиците постојат и потребен е внимателен пристап. Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Македонското радио“.

Ангеловска-Бежоска ги посочи трите основни фактори за економскиот раст на една економија − продуктивноста, човечкиот и физичкиот капитал, чиј обем зависи од јавните и приватните инвестиции. За следната година се очекува одредено подобрување кај инвестициите, дури и на среден рок, поради најавениот посилен јавен инвестициски циклус и позначителниот прилив на странските директни инвестиции. Се очекува дека растот на инвестициите во просек ќе изнесува околу 7%. Притоа, Ангеловска-Бежоска посочи дека странските директни инвестиции во првите три квартали од оваа година надминаа 800 милиони евра. „Доколку продолжат овие трендови, тоа е добар сигнал за засилување на инвестициската активност и зголемување на потенцијалот за раст“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска и додаде дека се потребни значителни реформски зафати за да се подигне нивото на продуктивноста во нашата економија, којашто во моментов е половина од просечното ниво на продуктивноста во ЕУ.

Гувернерката ја истакна и важноста на извозот, како значајна алатка за малите економии, коишто немаат сопствен голем пазар и се упатени на пласирање на своето производство на странските пазари. „Постојат голем број емпириски истражувања коишто ги поврзуваат степенот на надворешната трговија во една земја (извозот) и степенот на конвергенција. Кај нас во последните две декади доходовната конвергенција е двојно зголемена, меѓу другото поради големото зголемување на извозот од 70% на 150% од БДП, со што сме земја со најголема трговска отвореност во регионот на Западен Балкан. Имавме поголем пад на извозот во периодот на пандемијата, меѓутоа потоа следеше процес на постепено закрепнување. Во последниот период има одредено стабилизирање, при што главно овие трендови се во согласност со светските трендови каде што се гледа забавување на растот на светската трговија којшто се сведе на 0,8%. Врз македонската економија влијаеа и одредени специфични домашни фактори, односно привременото неработење на одредени капацитети од металопреработувачката и автомобилската индустрија, за кои се надеваме дека се од привремен карактер и за кои сметаме дека од наредната година ќе придонесат кон солидно забрзување на извозот од 5,8% на среден рок“, нагласи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

За време на гостувањето гувернерката Ангеловска-Бежоска им го честиташе осумдесетгодишниот јубилеј на сите генерации вработени во „Македонското радио“, посакувајќи им натамошни успеси негувајќи го духот на македонската традиција

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: ДУИ наместо да побара бегалецот од правда Груби да се врати, продолжува со поделби на народот
Следна Статија Одбиена жалбата за притворот на одбраната на Артан Груби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Миноски: Пензискиот систем во Македонија – Предизвици

Македонија го воведе тростолбниот пензиски систем во 2006 година. Реформите се спроведуваа според Чилеанскиот модел, а истиот беше применет и…

December 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство

Премиерот Христијан Мицкоски очекува состојбата во РЕК Битола денеска да се стабилизира и да продолжи редовното производство, откако два термоблока…

December 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Почнува летниот ред на летање, 54 редовни дестинации, чартер од Манчестер, Анталија, Хургада…

Со летниот распоред на летање што стапува во сила од полноќ, од Скопскиот аеродром ќе летаат 16 авиокомпании до 47…

March 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Агелер: САД и Македонија се согласни дека транспарентни институции и силни економии се основа на успешна демократија

САД и Македонија се обединети во многу нешта, вклучително и нашето споределено уверување дека транспарентноста на институциите и силни економии…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?