Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска: За да се искористат предностите од СЕПА, најважно е банките да се подготват оперативно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска: За да се искористат предностите од СЕПА, најважно е банките да се подготват оперативно
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: За да се искористат предностите од СЕПА, најважно е банките да се подготват оперативно

Објавено January 29, 2025 13:14
Сподели
Сподели

Гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилиано Паолучи, ја отворија работилницата „Техничките и правните аспекти за приклучување кон системот за плаќање во евра СЕПА“, на која учествуваа претставници на Светската банка, Европската централна банка, Европскиот платежен совет, на Италијанската асоцијација на банки и на други финансиски институции.

„Би сакал да ја истакнам посветеноста на Светската банка на поддршката на Македонија на нејзиниот пат кон СЕПА и опсежните реформи за модернизација на плаќањата. Би сакал да ја пофалам Народната банка на Република Северна Македонија за унапредувањето на основните правни и политички реформи во дигиталните плаќања и финансиската вклученост. Исто така, би сакал да ѝ оддадам признание на индустријата и нејзината значајна улога во успешното користење на оваа средина којашто е поволна за воведување иновации и овозможува поголема ефикасност за крајните корисници. Заедно, можеме да создадеме поинклузивен и поефикасен финансиски екосистем којшто ќе биде во корист на сите во земјата“, истакна Паолучи, директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава.

Во обраќањето гувернерката истакна дека нашето барање за пристап кон СЕПА е поднесено во јули минатата година, што е одраз на повеќегодишните напори за усогласување на нашата финансиска регулатива со европската. Пристапот кон СЕПА би бил историски исчекор којшто ќе им овозможи на нашите банки, и покрај тоа што не сме членки на ЕУ, да пристапат на европските платежни системи. Ова треба да доведе до побрзи, посигурни и поевтини прекугранични плаќања. Во моментов, за плаќања од ЕУ кон земјите од Западен Балкан трошоците се повисоки за 12 пати во однос на трошоците за плаќање помеѓу земјите од ЕУ.

Се очекува дека нашето барање за членство во СЕПА наскоро ќе биде одобрено од Европскиот совет за плаќања. Сепак, за да се искористат овие можности, од голема важност е банките да се подготват оперативно. „Иако придобивките од пристапувањето во СЕПА се јасни, мора да признаеме дека нѐ очекуваат и предизвици. Заедно со банкарскиот сектор посветено ќе работиме на обезбедувањето целосна подготвеност за интегрирање во СЕПА до октомври 2025 година, што е првиот можен датум за влез на банките од земјите од Западен Балкан коишто се членки на СЕПА. Народната банка, во соработка со меѓународните партнери, ќе работи и во иднина на поттикнување и олеснување на овој премин, обезбедувајќи техничка поддршка и регулаторен надзор за непречен и ефикасен процес на интеграција“, нагласи Ангеловска-Бежоска, укажувајќи и дека за таа цел е формиран Управувачкиот комитет во рамките на Директоратот за соседство и преговори за проширување при Европската комисија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонски државјанки се обиделе да шверцуваат 16 луксузни чанти од Париз
Следна Статија Средба на министерот Борко Ристовски со претседателот на ФФМ: Фудбалот е јавен интерес и мора да помогнеме обезбедувајќи правичност и раст на сите нивоа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност

„Штедењето е системска неопходност и важен фактор за одржлив економски раст и за финансиска стабилност“, порача гувернерот на Народната банка,…

November 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески : Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување

Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување имаме досега, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.…

June 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и…

June 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Минималните трошоци за четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар, барањето за зголемување на платите е оправдано

Сојузот на синдикати на Македонија денеска на прес-конференција ги објави најновите податоци за Синдикалната минимална кошничка и за тоа дали…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?