Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бешлиовска: Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бешлиовска: Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување
МАКЕДОНИЈА

Бешлиовска: Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување

Објавено February 4, 2025 11:46
Сподели
Сподели

Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување, изјави денеска на прес-конференција, Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.

Бешлиовска информираше дека Унијата имала реакции од медицински сестри од целата држава, на кои им биле прекинати договорите за работа на дело. Не им било кажано да не доаѓаат на работа, ќе продолжеле, но, финансиска согласност за јануарската исплата, немало. Говорејќи за слабостите, таа подвлече дека имало примери кога на медицински сестри со високо образование им се забранувало да одат во смени, зашто ќе земеле големи плати со дежурствата.

Бешлиовска апелираше ова конечно системски да биде решено, да нема вработувања со договор на дело, ами редовни вработувања, со оглед на тоа што има дефицит кога е во прашање оваа професија, има одлив на кадри. Притоа, Бешлиовска рече дека некои од медицинските сестри работеле и по повеќе години без здравствено и пензиско осигурување, па биле приморани да бараат работа по бутици и слично.

– Ова е нешто што се провлекува години наназад, системот ги натрупува овие медицински сестри. И минатата година во јуни имавме вакви отпуштања, додаде Бешлиовска.

Изминатиот период, реагирале на слабостите на ангажирање со договор на дело и се загалале за редовно вработување. Но, како што беше кажано, се примале луѓе однадвор, наместо тие кои дотогаш работеле со договор на дело.

Бешлиовска изрази надеж дека ваквите проблеми ќе се надминат.

– Фрапантни се фактите што речиси оставаат без зборови, станува збор за висококвалитетни и стручно-обучени медицински сестри и техничари, кои зад себе имаат и по шест и седум години работно искуство во статус договор на дело, а сѐ до денес биле составен дел од здравствените установи, Општите болници во Прилеп, Битола, Кавадарци, Куманово. Овие колеги, наместо признание и решавање на нивниот статус, остануваат изневерени од здравствените власти, законските недоречености, недомаќинското работење, немањето слух за натрупаните проблеми, како и лицемерните и популистички флоскули и политички додворувања, особено во време на пандемијата со коронавирусот, смета Бешлиовска.

Таа нагласи дека реагираат по којзнае кој пат и апелираат да се надминат проблемите со што се соочуваат медицинските лица.

– Реагираме по којзнае кој пат и апелираме да се престане со поразителната поделба на медицинските сестри и техничари според политичката реторика и опција, поделбите од типот на средни и високи, полова и возрасна поделба, но и тотално неразумната поделба по национална или етничка припадност. Затоа што во нашата професија единствениот фактор што го определува квалитетот се професионализмот и емпатијата. Ништо повеќе и ништо помалку. Ако според сите извештаи, анализи, препораки и параметри, на Македонија ѝ недостасуваат речиси 50 отсто од сегашно-ангажираните медицински сестри и техничари, тогаш и денешните и сите досегашни раскинувања на договори, во најмала рака, изгледаат несериозни, неетички и нехумани. Тие, како такви, треба да бидат поединечно образложени и поткрепени со факти, смета Бешлиовска.

Таа рече дека нивната работа е една од најважните алки во комплетниот здравствен систем и запоставувањето на нејзината вредност, „неминовно ќе доведе до катастрофални последици во здравствениот систем, лош имиџ на земјата пред светот, но и најважно од сѐ – намалување на вредноста на пациентите и значително поскапување на здравствената нега“.

– Стресот и одговорноста во нашата професија се постојани, а дополнителните стресови и долгогодишни нерешени и запоставени проблеми, какви што се законски нерегулираната професија, условите за работа, неприфатените дипломи, слабата финансиска ревалоризација на трудот и така натаму, дополнително ги зголемуваат огорченоста и одливот на овој високо стручен кадар во западноевропските земји. Затоа, апелираме и предупредуваме дека конечно е време за неодложно, сериозно и системско решавање на императивните проблеми во професијата медицинска сестра и медицински техничар, во интерес на сите граѓани на земјата, нагласи Бешлиовска.

Таа се осврна и на нивните барања.

Итно вработување на лицата кои имаат повеќегодишни стажови во здравствените установи, затоа што тие веќе ја покажале и докажале својата неопходност за болниците и пациентите. Да не се нарушува достоинството на нашата хумана професија со произволни и непоткрепени изговори и изјави од кого било. Како Унија со најбројно членство на медицински сестри и техничари во земјава, бараме да бидеме вклучени во сите инстанци и на сите нивоа каде се носат какви било одлуки за медицинските сестри и медицинските техничари. Оваа професија се одбира и се работи затоа што се сакаат животот и добробитта на пациентите. Ако нацијата е богатство на државата, тогаш медицинските сестри се богатство на нацијата. Време е решавањата да бидат системски и систематски во интерес на сите, рече Бешлиовска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: Со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа
Следна Статија Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт, праша Лефков

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Втор ден блокиран регионалниот пат Прилеп-Крушево

Жителите на пелагонискиот регион втор ден го блокираа регионалниот пат Прилеп-Крушево, во знак на протест поради најавите дека ќе почне…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

По 19 години работа, македонски доктор без образложение избркан од струшката болница

Физиотерапевтот од Струга, Димче Димоски, кој 19 години работел по договор на дело, остана без работа откако новиот директор на…

October 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Повеќето граѓани сакаат смена на Судски совет и на државниот јавен обвинител

Во анкетата на МКД.мк,на актуелното прашање за смена на Судскиот совет и на јавниот обвинител, мнозинството од испитаниците дале позитивен одговор.…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во ЕУ, посветеноста ја докажавме со бројни отстапки и чекори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше свој панел и излагање на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на иднината и реформите…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?