Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бонусите на СЈО се враќаат во Обвинителството за организиран криминал – Цветановски не потклекна на притисоците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бонусите на СЈО се враќаат во Обвинителството за организиран криминал – Цветановски не потклекна на притисоците
МАКЕДОНИЈА

Бонусите на СЈО се враќаат во Обвинителството за организиран криминал – Цветановски не потклекна на притисоците

Објавено December 4, 2024 21:00
Сподели
Сподели

Предметот за бонусите е вратен во Обвинителството за организиран кримининал, потврди за „Република“ Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство, Јове Цветановски. Ова значи дека е донесена одлука спротивна од наредбата на Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Има одлука за бонусите во СЈО. Предметот е вратен во Обвинителството за организиран криминал.Решението на Обвинителството за организиран криминал е укинатои дадени се напаствија за продолжување на истрагата за тоа што треба да преземе ОЈО. Целата работа се враќа за утврдување на кривична одговорност-ја објаснува Цветановски одлуката за „Република.

Вчера пак државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е поднесен предлог за дисциплинска постапка против вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи и јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство, Јове Цветановски.

Цветановски претходно за Република објасни дека согледувајќи како се одвиваат работите, „држи“ муабетот од вишиот јавен обвинител Хајрулахи дека целта на сето овасо неговата суспензија е да се направи притисок за случајот за бонусите на СЈО, предмет кој се наоѓа кај него.

Притисокот кој подолго време го прави Коцевски е со цел да се потврди првостепената одлука на ВМРО-ДПМНЕ и партијата како поднесител на кривичната пријава да не се даде својство на оштетен. Според тврдењата на Хајрулахи Коцевски го повикал на 19 декември да се качи кај него.

Одам кај него, не дочека јас да го прашам ни како сте, ми се обраќа со зборовите Стигна ли предметот кај вас. Му викам Кој предмет? Вика: предметот за бонусите на СЈО. Да, викам стигна. Кај кого е? Викам кај Цветановски. Вика ќе треба да се потврди првостепената одлука и на политичка партија, на ВМРО-ДПМНЕ, како поднесител на кривичната пријава, да не се даде својство на оштетен. Му викам: обвинителе нека го проучи предметот па ќе видиме. Ги тргна наочарите, ги фрли на маса и рече: јас завршив! Тој мислеше дека има работа со обвинител кој ќе му каже секако, прифатено. Јас се симнав во мојот кабинет, го викнав обвинителот кај кого е предметот му кажав дека ќе составам службена белешка и му објаснив што е како е и кои се притисоците. Службената белешка ја доставив во Совет за јавни обвинители и тие бараа од Коцевски да се произнесе. Дали е нормално републички јавен обвинител да наметнува исход на одлука на обвинител кој не го проучил се уште предметот. Законот е дециден – јавниот обвинител во своето постапување е самостоен. Јас на мојот обвинител не можам да му наложам каква одлука да донесе – тврди Хајрулахи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Телеком, A1, Цементарница и ЕВН ќе плаќаат поголем данок во Македонија, најави Мицкоски
Следна Статија Шолц: Украинските бегалци да најдат работа или да се вратат дома

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

Во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград, Македонците во Србија со положување цвеќе им оддадоа почит денеска во Костолачка…

November 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски имал пријателска вечера со основачот и извршен директор на платформата Rumble, Крис Павловски, кој овие денови престојува…

August 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска на пладне ја свика втората седница на Советот за безбедност. Членови на Советот за безбедност…

August 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Следуваат структурни реформи и илјада нови вработувања во здравството

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека почнала процедурата за повеќе од илјада нови вработувања во здравството, остануваат само формалните чекори…

January 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?