Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска-Агелер: Силно партнерство со САД, разговори за енергетска иднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска-Агелер: Силно партнерство со САД, разговори за енергетска иднина
ЕКОНОМИЈА

Божиновска-Агелер: Силно партнерство со САД, разговори за енергетска иднина

Објавено January 22, 2025 19:44
Сподели
Сподели

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.

Средбата, како дел од континуираниот дијалог меѓу министерството и амбасадата, се фокусираше на зајакнување на соработката во областа на енергетиката, вклучително енергетската транзиција, подобрувањето на енергетската ефикасност и поддршката за обновливи извори на енергија.

Божиновска ја истакна важноста на поддршката од Соединетите Американски Држави во справувањето со енергетските предизвици. Таа потенцираше дека односите меѓу двете земји се градат на цврсти основи на партнерство и меѓусебна доверба.

Амбасадорката Агелер ја потврди заложбата на САД за понатамошно зајакнување на енергетската безбедност и стабилност во регионот, нагласувајќи ја подготвеноста за поддршка на иницијативи кои ќе придонесат за одржлив развој.

Средбата заврши со договор за продолжување на редовната комуникација, со цел реализација на поставените приоритети и дополнително унапредување на билатералната соработка.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на промоција на проекти кои ќе ја забрзаат енергетската транзиција и ќе обезбедат долгорочна стабилност за граѓаните и економијата, соопштија од таму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лазаров: Катар е борбена селекција, нè очекува ептен неизвесен натпревар
Следна Статија Ова се родителите на Меланија, таткото е само две години постар од Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Преку заедничка соработка на јавниот и приватниот сектор до поголем извоз и раст на економијата

Клубот на извозници, Националниот совет за извоз и Институтот за извоз ќе претставуваат столб на Комората во наредните 10 години.…

December 19, 2024
ЕКОНОМИЈА

Двојно поголема наплата: Рекордни 247 милиони денари од концесии

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) денеска објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство официјално ја започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”, која има за цел…

July 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Миноски за геополитиката и геоекономијата (ВИДЕО)

Поранешниот министер за финансии и економски експерт Кирил Миноски гостуваше во емисијата Заспиј ако можеш каде говореше за геополитичката и…

April 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?