Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четири години земал мито по 200 евра: Референт од Македонски шуми заврши во притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Четири години земал мито по 200 евра: Референт од Македонски шуми заврши во притвор
ХРОНИКА

Четири години земал мито по 200 евра: Референт од Македонски шуми заврши во притвор

Објавено November 12, 2024 12:01
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик против службено лице – самостоен референт во ЈП „Национални шуми“ ПШС Беласица – Струмица.

Во периодот од септември 2020 до ноември 2024 година, осомничениот директно барал подарок во паричен износ од неколку лица со цел да не изврши контроли кои морал да ги изврши. Со тоа на лицата им овозможувал да добиваат дозволи за селска сеча по повеќе пати и дрвната маса да ја продаваат на трети лица. За тоа од нив барал и добивал поткуп од по 200 евра месечно. Бил затекнат како прима поткуп од едно од лицата, кое по претходен телефонски договор требало да му исплати пари за да врши селска сеча на планината Огражден, соопштија од ОЈО Струмица.

По предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Претходно од МВР известија дека поднеле кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека ги сторил погоре наведените кривични дела.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска – Пелегрини: Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето
Следна Статија Нова инвестиција од 8,5 милиони евра и 200 нови работни места на Бреинчајлд во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Видевски во деновите кога се убиени Панче и Вања бил на работа и во седиштето на Десна, но докази нема

Бојан Манев адвокат на Боре Видевски по денешното рочиште повтори дека неговиот клиент треба да добие ослободителна пресуда бидејќи Обвинителството…

June 18, 2025
ХРОНИКА

Најдени човечки коски закопани во близина на Македонски Брод

Вчера, во 11.17 часот во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 16.00 часот на 24.03.2025 до 10.00 часот…

March 26, 2025
ХРОНИКА

Од куќа во Гостивар украле злато и пари во вредност од 65.000 евра – полицијата ги фати

Полицијата успеа да го врати поголемиот дел од украдените пари и злато во вредност од вртоглави 65.000 евра, кои пред…

December 21, 2025
ХРОНИКА

Кешишев: Многу се каам што бев со таа група

Многу се каам што бев со нив. Tие сами испланираа и завршија се. Ми беше кажано да не се мешам…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?