Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чудо во Лос Анџелес: Сѐ изгоре до темел, само една вила остана недопрена (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Чудо во Лос Анџелес: Сѐ изгоре до темел, само една вила остана недопрена (ВИДЕО)
СВЕТ

Чудо во Лос Анџелес: Сѐ изгоре до темел, само една вила остана недопрена (ВИДЕО)

Објавено January 11, 2025 12:40
Сподели
Сподели

Најмалку 11 луѓе ги загубија животите во разорните пожари што со денови беснеат во Лос Анџелес, додека повеќе од 10.000 објекти се уништени.

На социјалните мрежи со денови кружат зачудувачки фотографии од Малибу, на кои се гледаат изгорени куќи.

Редици блескави куќи, сега претворени во пепел, откако изгореа во страшен пожар. Меѓутоа, на една од фотографиите се гледа како една од вилите стои недопрена, додека сѐ околу неа е изгорено и уништено.

Десетици блокови беа срамнети со земја во луксузната населба Пацифик Палисадес, дом на многу познати личности.

Парис Хилтон, Ентони Хопкинс, Тина Ноулс, Џон Гудман, Кенди Спелинг, Мајло Вентимиља и Мајлс Телер се меѓу оние чии домови беа уништени.

Полициски час е воведен од 18 часот до 6 часот наутро во областите на округот Лос Анџелес каде што жителите се евакуирани поради шумски пожари, бидејќи властите се обидуваат да спречат грабежи во областите погодени од шумски пожари. Полицискиот час ќе трае додека властите во округот не ја укинат наредбата, објави Си-Ен-Ен.

Пристапот до јавни места во зоните за евакуација е забранет, освен за луѓе кои работат на гаснење пожари или бараат медицинска помош.

Секој што ќе го прекрши полицискиот час може да се соочи со парична казна до 1.000 долари или затвор до шест месеци.

Најмалку 20 лица се уапсени во округот за грабежи за време на шумските пожари, изјави вчера на прес-конференција, супервизорот на округот Лос Анџелес, Кетрин Баргер. Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом изјави дека нема да се толерира грабеж во областа на Лос Анџелес, каде беснеат пожари и каде што се евакуирани голем број домови.

Њусом нареди распоредување на Националната гарда на Калифорнија за да им помогне на спроведувањето на законот, објави Си-Ен-Ен.

Стотици членови на Националната гарда ќе бидат распоредени за да го зајакнат капацитетот на локалните сили за спроведување на законот и ќе бидат стационирани на сообраќајните контролни пунктови за да се гарантира безбедноста, се вели во соопштението на канцеларијата на Њусом.

Нагласено е дека со распоредувањето на Националната гарда ќе се зголеми бројот на безбедносните сили на теренот на 8.000, вклучително и пожарникари.

🇺🇸🔥🔥🔥 Se quemaron viviendas frente al mar en Malibú… las propiedades más caras y exclusivas. pic.twitter.com/jwsADwco7L

— 𝔻𝕖𝕤𝕕𝕖 𝕃𝕒𝕤 𝕋𝕣𝕚𝕟𝕔𝕙𝕖𝕣𝕒𝕤 (@DOGDEGA) January 9, 2025
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Јокиќ се врати и со Вестбрук испишаа историја
Следна Статија Проф.д-р Кузмановска: Трансплантацијата овозможува подолг и поквалитетен живот на пациентите кои имаат потреба од орган

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во Израел

Будење со звукот на сирените за воздушен напад, трчајќи кон засолништа, барајќи бегство на интернет. Илјадници туристи во Израел се…

June 15, 2025

Трамп им благодари на Иран за запирање на егзекуциите додека неговите сојузници го обесхрабруваат воениот напад

Претседателот Доналд Трамп во петок му благодари на иранската влада што не егзекутира стотици политички затвореници, очигледно повлекувајќи се од…

January 18, 2026
СВЕТ

Напад со нож во Кина: Студент уби осум, а повреди 17 лица

Дваесет и едногодишен студент уби осум и рани седумнаесет лица на Технолошкиот институт во кинескиот град Џисинг, по што е…

November 16, 2024
СВЕТ

АЛАРМ ВО ГЕРМАНИЈА: Секој ден се крадат по 40 возила

Бројот на кражби на автомобили во Германија е „драстично зголемен“, со повеќе од 40 возила украдени секој ден, соопшти Федералната…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?