Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Проф.д-р Кузмановска: Трансплантацијата овозможува подолг и поквалитетен живот на пациентите кои имаат потреба од орган
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Проф.д-р Кузмановска: Трансплантацијата овозможува подолг и поквалитетен живот на пациентите кои имаат потреба од орган
ЗДРАВЈЕ

Проф.д-р Кузмановска: Трансплантацијата овозможува подолг и поквалитетен живот на пациентите кои имаат потреба од орган

Објавено January 11, 2025 13:00
Сподели
Сподели

Проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, во “Добриот доктор” на Сител говореше за историјатот на трансплантацијата во Македонија, истакнувајќи дека во Македонија првата трансплантација е од жив донор, тоа е трансплантација на бубрег, извршена во 1977 година.

-Од тогаш континуирано се прават трансплантации на бубрег, како од жив донор, така и од починат донор, односно кадаверични трансплантации.

Додека трансплантации од починат донор се започнати во Македонија во 2014 година. Во 80-тите години на минатиот век всушност имало неколку, меѓутоа не се добро документирани, кога дури и на барање на семејствата на пациентите кои починале, сакајќи да направат едно големо хумано дело побарале да се донираат органите и тогаш се направени неколку кадаверични трансплантации на бубрег.

Нема прецизни информации колкав е тој број, но тоа е запишано во историјата на македонската медицина како почетоци. Тоа биле навистина пионери, нашите учители на кои морам да им оддадам почит. Потоа во 2014 година започнува развојот на кадаверична трансплантација, при што се трансплантираат и други органи, не само бубрези, туку и црн дроб, истакна проф. Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Таа се осврна и на потребата од органи од починат донор, особено што медицината оди напред.

-Пациентите кои имаат заболувања во напредната фаза се одржуваат подолго во живот медикаментозно и по конвенционален пат и поради продолжување на животниот век тие се кандидати за трансплантација. Значи не завршува медицината само на медикаменти, следен чекор кога ќе се исцрпи медикаментозната терапија е трансплантација. Животниот век се продолжува и потребата за трансплантација е да им се даде шанса на овие пациенти да си го доживеат барем просечниот животен век кој во 21 век во некои земји изнесува 80 години, додека во Македонија е 72 односно 73 години. Имаме пациенти кои чекаат срце, а имаат по 30 години.

Тоа е една метода која им овозможува на овие луѓе да живеат подолг односно нормален животен век.

Заради тоа е потребата од трансплантација, заклучи таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чудо во Лос Анџелес: Сѐ изгоре до темел, само една вила остана недопрена (ВИДЕО)
Следна Статија Во 2024 година во македонските хотели и кафеани се потрошени 270,2 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

68 лица остануваат да се лекуваат во странство – еден пациент испишан од Љубљана

Во медицинските центри надвор од државава во моментов се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар…

April 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Владата ќе купува сто нови амбулантни возила во вредност од 7,5 милиони евра

Согласно заклучок од седница на Владата, Министерството за здравство ја објави јавната набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена…

April 25, 2026
ЗДРАВЈЕ

Нема глукомери и ленти, велат од Здружението на дијабетичари

Пациентите со дијабетес повторно алармираат за недостиг на глукомери, ленти и сензори, проблем што, според Здружението на дијабетичари, трае веќе…

April 11, 2026

Nipah вирусот: Клучни информации за јавното здравје во Индија

Преглед на Nipah вирусот: Карактеристики, превенција и моментални случаи во Индија

January 31, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?