Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анкета: За граѓаните маркетите се виновни за инфлацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Анкета: За граѓаните маркетите се виновни за инфлацијата
ЕКОНОМИЈА

Анкета: За граѓаните маркетите се виновни за инфлацијата

Објавено February 9, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот. Третина од граѓаните велат дека донекаде успеваат да ги покријат своите трошоци, а негативен одговор даваат вкупно 51,2 проценти од испитаниците. Ова го покажуваат резултатите од анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.Како што се наведува во соопштението од Детектор, најголем дел од парите граѓаните ги трошат на храна. Половина од платата им оди само за задоволување на глад, велат 35.8 проценти од испитаниците, 30,2 отсто велат дека трошат три четвртини а 15,6 проценти велат дека се што ќе заработат трошат за прехранбени намирници. За 3 проценти пораснал процентот на граѓани кои ја трошат целата плата на храна споредено со истото истражување направено во 2023 година.82,7 проценти од испитаниците, или повеќе од 8 од 10 граѓани велат дека трошоците за живот се зголемени. За задоволување на потребите на едно четиричлено семејство 67,5 проценти од испитаниците одговориле дека се потребни месечни примања повисоки од 1000 евра.Граѓаните не се оптимисти ниту за периодот кој следи. 59,2 проценти сметаат дека инфлацијата и во следната година ќе продолжи да расте. Намалување на цените очекуваат околу 10 проценти од испитаниците.79,4 проценти од граѓаните велат дека мерките за замрзнување на цените не даваат ефект. Според нив, на растот на цените не влијае реалниот трошок за производство туку желбата за поголем профит на трговците и маркетите. Ваков одговор дале дури 72.3 проценти од испитаниците.69,2 проценти од испитаниците велат дека растот на економијата и продуктивноста треба да бидат фактор за зголемувањето на минималната плата. Дека таа треба да се диктира само од политички одлуки велат 17 проценти од испитаниците.Истражувањето на ИПИС за Детектор е спроведено од 24 до 26 јануари оваа година, телефонски, на репрезентативен примерок од 1033 испитаници од целата држава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Од утре во Битола продажба на државни комерцијални станови, метар квадратен ќе чини 1.000 евра
Следна Статија За долг од 20 илјади денари го грабнал и присилно го држел во својот дом

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Берзата достигна досега невиден врв – Dow Jones премина 50.000 поени

Dow Jones Industrial Average заврши на историски рекорд од 50.115,67 поени во петок, со пораст од над 1.200 поени за…

February 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

И за дневница од 2700 денари нема берачи на јаболка, во Преспа се чекаат работници од Албанија

Почна бербата на јаболка, а берачи нема. Јаболкопроизводителите од Преспа ги чекаат берачите од Албанија, за кои годинава ќе плаќаат…

September 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нови ЕУ правила: Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат важна промена

Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат нова важна промена — по воведувањето на неодвојливите капачиња, следува уште еден чекор во правец…

October 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Просечната плата во септември 45.466 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба…

November 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?