Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николовски: Се увезувале автомобили без да бидат платени царини, осум цариници добија откази
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николовски: Се увезувале автомобили без да бидат платени царини, осум цариници добија откази
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Се увезувале автомобили без да бидат платени царини, осум цариници добија откази

Објавено February 10, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски, во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше за акцијата за запленети возила, кои нелегално се внесувале во Македонија, односно за нив не биле плаќани царини.

Притоа, буџетот бил оштетен за 9 милиони денари, а како резултат на оваа акција поднесени се кривични пријави и отказни решенија за осум цариници.

На ова поле работевме неколку месеци и успешно ја заврши оваа операција, како што знаете се крена голема врева поради овој случај, како царинска управа дојдовме до случај царински службеници, транспортери и увозници на возила, организирано дејствувале и на начин само својствен за добро организирани групи, успеале половни моторни возила да внесат во Македонија, без да платат царински давачки и нанеле штета на државниот буџет. Зпаленивме 35 моторни возила во вредност од 20 милиони денари, собравме докази дека буџетот бил оштетен во висина од 9 милиони денари. Суштински гледано од аспект на царинска управа, самата кривична пријава која е поднесена до ОЈО ГОК е прва кривична пријава за организиран криминал што Царинска управа ја поднесува. Суштината не е во одземените возила, туку во однос на системските пропусти кои биле работени во царинската управа, без да се плати царински давачки, рече Николовски.

Николовски кажа дека како резултат на ова, против 11 цариници се поднесени дисциплински постапки, а за осум има отказни решенија.

Поднесени се кривични пријави за 32 лица, 14 физички, 7 правни лица и 11 царински службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: ГОБ „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар
Следна Статија Обвинителката Наташа Крстевска Цалева ќе раководи со Вишото јавно обвинителство додека трае кривична постапка на Мустафа Хајрулахи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тензично пред болницата во Кочани: Родителите не даваат телата на децата да се носат на обдукција во Скопје

Дел од родителите кои ги загубија своите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани не даваат безживотните тела на…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Марш за ангелите“ во Кочани: Пожарот во „Пулс“ да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата

Бараме од институциите да побрзаат со постапките против осомничените за трагедијата, нашите починати чеда заслужуваат правда и не сакаме ова…

June 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Се подобрува состојбата на Иван кој се лекува во Полска, се надева на брзо враќање дома

Еден од пациентите кои се лекуваат во странство, а се повредени во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Иван…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова со велигденска честитка: Велигден нека ни донесе утеха, мудрост и хуманост

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до верниците и поглаварите…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?