Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Откриен дилер од Скопје, полицијата дома му најде марихуана и хероин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Откриен дилер од Скопје, полицијата дома му најде марихуана и хероин
ХРОНИКА

Откриен дилер од Скопје, полицијата дома му најде марихуана и хероин

Објавено February 9, 2025 09:37
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен жител на Скопје, осомничен за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Според истрагата, осомничениот месецов неовластено набавил наркотична дрога – хероин и марихуана од засега непознато лице. Дрогата ја чувал, мерел, дробел и препакувал во својот дом на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје, со намера да ја продава.

„При претрес на 7 февруари, во неговиот стан беа пронајдени две пакувања марихуана со вкупна нето маса од 35,46 грама, како и петнаесет пакувања хероин со вкупна нето маса од 13,49 грама. Дополнително, беа најдени апарат за мелење шеќер со остатоци од кокаин и хероин, дигитална вага за мерење на наркотични супстанции, како и други предмети со траги од дрога“, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото или да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци и евентуални соучесници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Марибор гори, пожар зафатил 9.600 метри квадратни, а на терен се 150 пожарникари (ВИДЕО)
Следна Статија Трамп телефонски разговарал со Путин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Дали доказите на Обвинителството против Палевски се доволни?

Судењето на обвинетите за убиствата за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за оваа година заврши. За десет рочишта, колку што…

December 21, 2024
ХРОНИКА

Загина 33-годишен мотоциклист

Вчеравечер во 23.45 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во село Штука, струмичко, З.С.(33) од село Иловица, струмичко,…

July 16, 2025
ХРОНИКА

Поевтино е и поквалитетно: Повторно фатен шверц на македонско гориво за Албанија

Полиција на граничниот премин „Ќафасан“ на албанско – македонската граница, кај Струга, откри 1,8 тони нафта шверцувана од Македонија, соопшти…

November 8, 2024
ХРОНИКА

Напад во Пробиштип: Маж со нож се нафрлил на полицаец по семејна пресметка

Семејна расправија прерасна во напад врз полиција Во раните утрински часови, Пробиштип беше потресен од сериозен инцидент. Семејна пресметка и…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?