Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток
ХРОНИКА

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток

Објавено November 26, 2024 18:30
Сподели
Сподели

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква.

Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат извршени во четврток во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот.

-Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), во постојан состав, на 26 ноември 2024 година одржа вонредна седница и го определи датумот за погребение на блаженоупокоениот Дебарско-кичевски Митрополит Тимотеј. Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат извршени во четврток на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот, информираат од САС на МПЦ.

На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.

Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид.

Вчера САС на МПЦ соопшти дека по кратко боледување, се упокои во Господа Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј.

Кратка биографија на Митрополитот Тимотеј (1951 – 2024).

Митрополитот г. Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско. Потекнува од благородни и богољубиви родители Александар и Љуба Јовановски, кои уште од детски години го задоиле својот пород, меѓу кои и младиот Славе, со христијанска љубов и љубов кон Бога.

Почитта кон Бога придонесла, по завршувањето на основното училиште, под сестраната духовна грижа на протојереј–ставрофор Стојко Спасевски од Куманово и пастирските упатства на протојереј–ставрофор Спасе Стефановски, младиот Славе да се запише за редовен ученик во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, прво во манастир „Св. Илија“ во с. Бањане, крај Скопје, а потоа во Драчево. По завршувањето на Богословијата, се запишал на Богословскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1976 година.

По дипломирањето, една година бил службеник во Македонската Архиепископија во Скопје. Потоа, заминува на постдипломски студии на Понтификалниот ориентален институт во Рим (од 1977 до 1979 година). Успешно магистрирал со тезата „Култот на Пресвета Богородица во Охрид и Охридско” и се здобил со магистерска диплома. На повик на САС на МПЦ – ОА, се враќа во Татковината и се вработува како предавач на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ по предметите: Литургика, Историја на уметноста и Патрологија. САС за МПЦ – ОА го назначи и за в.д. ректор на Богословијата „Св. Климент Охридски“ во Драчево – Скопје.

На 10 септември 1981 година во манастирот „Св. Јован Крстител“ – Бигорски од десницата на тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј е замонашен со монашко име ТИМОТЕЈ; на 11 септември 1981 година е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир; на 13 септември 1981 година е ракоположен во јеромонашки чин во манастирот „Св. Богородица“ – Пречиста кај Кичево, а за архимандрит е произведен во метохот на ман. „Св. Наум Охридски“ (ман. „Св. Наум Охридски“) во Битола. По изборот за епископ од страна на САС на МПЦ, на 20 септември 1981 година е хиротонисан за архијереј на МПЦ – ОА во црквата „Св. Димитриј“ во Скопје.

Од 21 септември 1981 година, со Одлука на САС на МПЦ, е назначен за Митрополит Австралиски. Тогашните услови налагаа да му биде доделена и упразнетата Дебарско–кичевска епархија која ја управуваше како нејзин Администратор, од кадешто со самопрегор и трпеливост ќе раководи со двете епархии: со Австралиската до 1995 година, а со Дебарско–кичевската епархија до неговото упокојување. Од 2016 година од САС на МПЦ – ОА е назначен да управува како администратор со Австралиско-сиднејската епархија.

Во изминативе 43 години како архијереј на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Митрополитот Тимотеј извршуваше и многу други одговорни задолженија: беше секретар на САС на МПЦ и Администратор на Повардарската епархија (1997 – 2000 год. и од 5. 7. 2002 до 1. 10. 2006 година), а до неговото блажено упокојување беше и портпарол на САС на МПЦ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена се здобила со изгореници, откако пукнала плинска боца приклучена со греалка
Следна Статија Сиљановска Давкова го прими Венко Филипче, разменети мислења за политичките и безбедносните состојби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Предложен притвор за шестмина фалсификатори на пари осомничени во акцијата „Вардар“

Шесте лица во меѓународната акција „Вардар“ имале посебни „улоги“ во фалсификувањето на парите, соопшти денеска ЈОРСМ. Денеска обвинителот донесе наредба…

February 3, 2025
ХРОНИКА

Oружје, пари и дрога пронајдени кај аеродромец

Вчера во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје…

January 15, 2025
ХРОНИКА

Почина 5-годишно девојче на Детската клиника

Петгодишно девојче почина од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, пренесува „Сител“. Од клиниката информираат дека девојчето од…

November 7, 2024
ХРОНИКА

Јакимовски осуден на три ипол години затвор за бесправна изградба на објекти за општината

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски по шест години судење денеска беше осуден на неправосилна судска пресуда од три години и…

April 23, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?